ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

ПУТИН И РЕАЛНОСТА: Руска класика

April 1, 2024 10:19
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Води војна против непостоечки „нацисти“, западни „империјалисти,“ а неговите служби не умеат да предвидат дека се спрема тежок терористички напад во главниот град на државата што ја води четвртина век. Толку Путин има врска со реалноста.

Доби дури и предупредување од „непријателите“ (САД) две недели пред да се случи терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“ во која животот го загубија повеќе од 140 луѓе, а беа повредени уште повеќе. Не, на предупредувањето „императорот“ одговори со груба дисквалификација. Рече дека Западот „уценува со намера да го заплаши и дестабилизира нашето општество“ во пресрет на „демократските“ избори (15-17 март).

Ете, толку Путин има врска со реалноста.

Осомничените за терористичкиот акт се фатени живи, мачени јавно, ставени во стаклениот кафез пред судот, а прстот е вперен кон Украина и Западот. Класика!

По крвавиот терористички напад, следи крвав театар. Режимот набрзо прогласува дека се пронајдени и фатени четворица напаѓачи, толку колку што беа снимени од телефонските и безбедносните камери. Бруталниот лов на живи луѓе се снима и се открива пред очите на светот. Тортурата е варварска, со сечење уво на едниот и бројни удари со кундак. Осомничените (а веќе осудени) се појавуваат на суд со ужасни траги од тортура. Едниот е со пластична кеса на увото што му го отсекле, а друг е во инвалидска количка, без свест.

Чудна ситуација. Со право може да се постави дилемата дали тие што ги видовме пред камерите се навистина сторителите на ужасниот терористички напад или прифатиле да кажат сѐ што треба, само да престане тортурата. И навистина, како тоа веднаш беа најдени само четворица директни напаѓачи, ниту еден повеќе, ниту еден помалку, сите фатени живи и подложени на сурова тортура, без отпор?

Терористички напад од размери како тој врз „Крокус“ мора да е дел од поширока терористичка мрежа. Режимот соопшти дека имало повеќе уапсени. Сепак, тоа што светот можеше да види е дека веднаш се фатени четворица, дека се подложени на тортура пред камерите, а веднаш потоа се дел од пропагандната парада на „брзата и успешна правда.“

Како дојде тоа? Терористи кои убија и ранија стотици луѓе и разорија огромен објект беа фатени веднаш и без никакви, ни најмали последици по безбедносните сили?

(ДИГРЕСИЈА) Приказната за „брзата правда“ ме потсети на случајот „Раштански лозја“ во 2002 година, кога Љубе Бошкоски, како министер за внатрешни работи, парадираше со седум мртви тела на шест Пакистанци и еден Индиец, мигранти кои, наводно, биле терористи со кои тој „храбро“ се пресметал. Случајот остана енигма.

Театарот во Москва е далеку „повозбудлив“ – осомничените за терористичкиот акт се фатени живи, мачени јавно, ставени во стаклениот кафез пред судот, а прстот е вперен кон Украина и Западот. Руска режимска класика!

Овој терористички акт толку многу потсетува на заложничката криза во московскиот театар во 2002 година? Тогаш, 40 чеченски терористи зедоа 912 заложници, а специјалните сили, по наредба на Путин (!), ја „решија“ кризата со убиство на сите терористи, но и повеќе од 200 цивилни жртви.

Тешките прашања за злосторникот од Кремљ се третираат како акти на шпионажа, предавство, па и тероризам. А речиси и не остана некој што може да му ги постави тие прашања. Навални беше само последниот од долгата низа неистомисленици кои ги уби Путиновиот режим.

Лесно е да се убие вистината во полициска држава која постојано инвестира огромен дел од богатството на државата во освојувачки војни и во контрола на населението. Исто толку е лесно тиранинот да поверува во сопствените лаги и да го изгуби контактот со реалноста.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: КрокуспропагандаПутинтероризам
Next Post
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Прелетувачи, женете се, само без помпезни зборови, ве молам!

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk