„Се потврди дека оние анкети кои на националниот сервис се презентираа се фалсификат и тоа е исто како до 2016 година. Злоупотреба на медиумски сервис од истата партија која го правеше тоа до 2016 година, на ист начин, со исти актери и ист начин на финансирање“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Фронтлајн“.
Тој додаде дека опозициската партија може да демантира што сака, но нивното однесување во историјата потврдува дека овој скандал е вистина.
„Вчера имавме театарлано апсење на истиот новинар што ја обелодени таа афера. Тој новинар не е нежен ни према мене, гледајте какви прашања поставува, но, ние гледаме на медиумите како демократски коректив на Владата“ рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека вистинските анкети не кореспондираат со тоа што се прикажува на таа емисија на МТВ.