ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Пекинг ја користи терминологијата на Москва: Руската агресија врз Украина ја нарече „украинска криза“

Терминологијата која за употребува Пекинг за руската агресија врз Украина, целосно оди во прилог на наративите на руските пропагандисти. Вистинската ситуација би била поконзистентна со концептот на „руската криза“, бидејќи режимот на Путин беше тој што ја претвори својата земја во извор на нестабилност и закани.

April 8, 2024 11:21
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин ја нарече руската агресија врз Украина „украинска криза“ и рече дека „не може да има победници и губитници“. Терминот „украинска криза“ е неприфатлив за карактеризирање на руско-украинската војна. Украина не е ниту причина ниту извор на кризни феномени во меѓународните односи.

Терминологијата која за употребува Пекинг за руската агресија врз Украина, целосно оди во прилог на наративите на руските пропагандисти. Како што пренесува Укринформ, вистинската ситуација би била поконзистентна со концептот на „руската криза“, бидејќи режимот на Путин беше тој што ја претвори својата земја во извор на нестабилност и закани.

Во војната со Русија, Украина не се натпреварува за ловориките на победникот. Украинците се заинтересирани само за безбедност и правда, но режимот на Кремљ не е подготвен да преговара за овие основни потреби.

Враќањето на стабилен мир е невозможно додека се одобрува агресијата и се прифаќа окупацијата на странски територии.

Москва ја започна војната, а Москва може да ја заврши во секој момент со повлекување на окупационите трупи од Украина и враќање на усогласеноста со меѓународното право.

Како што изјави предходнопортпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер на брифинг во Вашингтон минатата недела, САД остануваат загрижени за зајакнувањето на соработката меѓу Москва и Пекинг и се против какви било чекори на Кина кои би можеле да помогнат во поддршката на руската агресија во Украина.

Според Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон (ISW), преговарачките платформи за решение на војната во Украина кои ги сугерираат Кина и Турција, Кремљ го користи за да ги продолжи своите информативни операции насочени кон обесхрабрување на континуираната меѓународна поддршка за Украина.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: Војна во УкраинаКинаруска пропаганда
Next Post
Димитар Ковачевски. Интервју. Фото: Б. Јордановска

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ функционира исто како до 2016 година, со злоупотреба на медимскиот сервис, исти актери и начин на финансирање

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk