ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Вонреден Совет за надворешни работи на ЕУ посветен на состојбата на Блискиот Исток

April 16, 2024 09:35
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ попладнево ќе одржат вонреден состанок преку видео конференциска врска посветен на најновиот развој на настаните на Блискиот Исток по иранските напади со дронови и проектили врз Израел изминатиов викенд.

Вонредното заседание на Советот за надворешни работи на ЕУ го најави високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во објава на платформата Икс, порачувајќи дека целта на блокот е да придонесе за деескалација на состојбата и за безбедност на регионот.

Портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано вчера нагласи дека единствена точка на состанокот ќе биде најновата ескалацијата на состојбата на Блискиот Исток, како и следните чекори што ќе ги преземат ЕУ и нејзините земји членки како реакција на овие настани.

Во официјалната реакција на случувањата на Блискиот Исток, ЕУ порача дека најостро ги осудува иранските напади со дронови и ракети врз Израел.

– Ова е невидена ескалација и закана за регионалната безбедност. ЕУ ја повторува својата посветеност на безбедноста на Израел, се наведува во реакцијата на Унијата.

ЕУ оцени дека оваа тензична регионална ситуација и нејзината евентуална понатамошната ескалација не може да биде во ничиј интерес, па затоа ги повика сите страни на максимална воздржаност.

– ЕУ останува целосно посветена да придонесе за деескалација и за безбедност на регионот и за остварување на таа цел е во близок контакт со сите страни, посочи Унијата во својата реакција.

Денешната средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ се одржува пред дводневниот Специјален Самит на Унијата што почнува утре во Брисел. Иако, Самитот треба да биде посветен на економски и финансиски паршања, сепак се очекува на него да стане збор и за најновиот развој на настаните на Блискиот Исток.

Tags: Блискиот истоквонреден советЕУ
Next Post
Greg Nash

Спикерот Џонсон: Претставничкиот дом на САД ќе гласа одделно за помош за Украина, Израел и Тајван

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk