ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Дијана Имери Илкоска за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028: Не мора да се измислува ништо ново, туку само да се врати стариот сјај!

April 19, 2024 22:00
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Дијана Имери Илкоска

Дијана Имери Илкоска

Share on FacebookShare on Twitter

Ќе успееме ли за помалку од четири години да направиме Скопје да блесне во сиот свој сјај и да го претставиме во најдобриот културен центар досега, како би можеле пред светот да се гордееме со титулата „Европска престолнина на културата“ во 2028?

Диригентката Дијана Имери Илкоска за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028, во изјава за Фронтлајн вели: Не мора да се измислува ништо ново, туку само да се врати стариот сјај.

„Со оглед на тоа што секогаш гледам на работите со оптимизам и се трудам да го видам потенцијалот во нештата, во таа насока размислувам за иднината на градот во кој сум родена и живеам.

Мислам дека Скопје може и заслужува да биде град на културата со добра организираност, професионален и објективен пристап во надминувањето на бројните предизвици пред кои во моментов е исправен.

Ако Скопје е нашето срце, тогаш булеварите, улиците и патиштата се неговите артерии. Оттаму, од особена важност е да се работи на унапредување и модернизирање на инфраструктурата на градот. Во тој дел, се разбира, голема улога треба да одигра и ефикасниот јавен транспорт кој ќе подразбира брзо, точно и еколошко движење низ градот. Исто така, како град на културата, Скопје не смее да си дозволи да биде валкан и загаден град, токму затоа сметам дека треба интензивно да се работи на подигнување на хигиената, чистотата, возобнувањето и одржувањето на зелените површини. Во тој поглед сметам дека огромен недостаток на градот е недоволната грижа за градските паркови, како на пример паркот во Сарај кој располага со огромна зелена површина, а како моден детал го краси реката Треска која се спојува со реката Вардар и сето тоа во истиот тој парк. Со такви паркови Скопје може навистина да се гордее, а со малку повеќе грижа, инвентивност и креативност Скопје би добил паркови налик на Хајд паркот во Лондон каде што на крајот на краиштата, би можеле да се одржуваат разни фестивали и културни збиднувања од секаков вид што и конечно многу ќе значи во реализацијата на уличната култура и алтернативната сцена, која да бидам искрена, во последниве години тивко и полека изумира.

Има многу работи кои треба да се возобноват или одново создадат за Скопје да наликува на град кој самиот за себе ќе зборува дека е град на културата, па тука би нафрлила неколку: Луна паркот, Железничката станица, Старата чаршија, Скопското кале, Универзалната сала, Кејот покрај Вардар и ред други знаменитости кои се белег на градот. Но, сепак, акцент би ставила на културните установи во кои работат и творат многубројни културни дејци и каде Скопје може да се пофали со редовна реализација на проекти од различен вид и жанр. На пример, Македонската опера и балет е куќа на уметноста во која творат неколку различни ансамбли. Овој објект изграден во далечната 1979 година се чини не го преживува забот на времето, поточно делува како временска машина – кога ќе влезете внатре и ќе прошетате низ ходниците автоматски се телепортирате во 1979-тата година! Најразлични технички неповолности би рекла, не доликуваат на оперска куќа од Европска културна установа, како на пример несоодветната акустика во гледалиштето или големата сцена; недостаток од просторија за соодветно чување и оддржување на костимите (кои се веќе изветвени) или поточно фундус; недостаток на соодветни простории каде музичарите ќе можат да ги оддржуваат пробите на достоинствен начин без да чуваат кофи во кои ќе се исцедува вода од дождот кој прокиснува од секој ќош. Долга е листата на неповолности кои секојдневно ги мачат културните дејци  и со кои достоинствено се борат и соочуваат, но за да имаме културен живот како што доликува треба да имаме и културно секојдневие кое доликува на Европска метропола. Во оваа насока би ги спомнала и Младинскиот културен центар, Музејот за современа уметност, Градската библиотека „Св. Климент – Охридски“, Музејот на град Скопје или меѓу скопјани познат како Стара железничка станица, Даут Пашиниот Амам, Македонската академија на науките и уметностите, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Киното „Култура“, Театар комедија, Домот на Армијата, Културно информативниот-центар и ред други. Во овие објекти всушност некогаш цветаше културниот живот во Скопје, секојдневно се оддржуваа богата палета на културни настани и збиднувања – многубројни фестивали, циклуси за млади уметници, концерти, претстави, проекции, промоции… Во суштина, кога подобро ќе размислам не мора да се измислува ништо ново, туку само да се врати стариот сјај на она што веќе постоеше како културен живот во Скопје“, изјави Имери Илкоска.

Текстот е дел од 13 изјави на уметници и културни работници собрани во „ризницата“ на темата со наслов: За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола.

Т. Иванова

Поврзано: 

За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола

Tags: Дијана Имери ИлкоскаСкопје „Европска престолнина на културата“ 2028
Next Post

Маричиќ: Најавуваме голема промена, граѓаните ќе станат акционери во енергетските компании

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk