ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

April 19, 2024 13:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заради постоење основи за сомневање дека со склучувањето анекс на Договорот за јавна набавка од 27.03.2024 година со фирмата ЕЛЕКТРО – ТОЧИЛА ИНЖЕНЕРИНГ увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп, градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески направил повреда на законските одредби од Законот за јавни набавки, Општинската организација на СДСМ Прилеп против Јовчески поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“, истакна на прес-конференција  Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп.

„Она што треба да се истакне, е дека услугата за која бил склучен анексот воопшто не била опфатена со Програмата за јавно осветлување на Советот на Општина Прилеп за 2024 година, со што градоначалникот Јовчески извршил фаворизирање на фирмата ЕЛЕКТРО – ТОЧИЛА ИНЖЕНЕРИНГ.

Дополнително, спорниот анекс во висина од 998.614,00 денари бил склучен на 27.03.2024 година, односно за време на мандатот на преодната Влада, што значи дека постоела законска пречка за спроведување јавни набавки кои не биле внесени во Планот за јавни набавки. Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп, подолго време укажуваше на низа неправилности во практикувањето на функцијата од страна на градоначалникот Борче Јовчески, на локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија. Сето тоа доби на интензитет со распишувањето на претстојните двојни избори и со паничниот обид на прилепските локални власти, спротивно на законите, со редица коруптивни договори да дојдат до глас повеќе. Посочениот пример со потпишаниот анекс со ЕЛЕКТРО – ТОЧИЛА ИНЖЕНЕРИНГ, заради кој градоначалникот Јовчески ја заработи кривичната пријава, е слика и прилика на криминалното и насилничко владеење на ДПМНЕ на секое ниво“, истакна Грашеска Илиеска.

 

Tags: Јовческикривична пријаваПрилепСДСМ
Next Post

Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“.

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk