Според членот 81 од Уставот, ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.
Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во овој случај на 8 мај – заедно со парламентарните избори.
За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од избирачите (АМАНДМАН XXXI). Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.
Дали е можно да не се постигнат потребните 40% од гласовите и да се повторат претседателските избори?
Политичките аналитичари очекуваат албанската опозициска коалиција „ВЛЕН“ да ја поддржи кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова, додека според нив коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ најверојатно ќе ги бојкотира претседателските избори.
– Мислам дека нема да пропаднат претседателските избори. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе гласат, а Таравари ќе добие наредба од Мицкоски албансаката опозиција да гласа – ако сакаат влез во новата влада. ДУИ се е поизвесно дека ќе ги бојкотира, изјави за „Фронтлајн“, новинарот Ацо Кабранов.
Политичкиот аналитичар Урим Салиу за „Фронтлајн“ вели дека се знае дека резултатот е длабок и Силјановска ја има оваа голема предност преку кампања со националистички тонови и ова е победа против кандидатот кој ги прокламира европските вредности.
– Ова е многу сериозна ситуација. Мислам дека цензусот ќе биде постигнат и Македонија ќе има нов претседател по 8 мај, подвлече Салиу.
Од двата албански политички табора, коалицијата „Европски фронт“ и опозициската коалиција „ВЛЕН“ велат дека сè уште не одлучиле дали ќе поддржат еден од двајцата кандидати во трката за претседател во вториот округ.
Скендер Реџепи-Зејд од „Европскиот фронт“ изјави дека лидерите на Европскиот фронт заеднички ќе одлучат кого ќе поддржат во вториот круг од претседателските избори, но лично тој смета дека не би поддржал ниту еден кандидат, бидејќи, како што истакна, Македонската страна не покажа подготвеност да го поддржи Бујар Османи.
Иако опозициската коалиција „Влен“ доби јавна понуда од лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за влез во идната Влада, доколку победат, сепак немаат никаква одлука или изјава за поддршка на кандидатката на опозициската ВМРО ДПМНЕ во вториот круг.
Според Арбен Таравари, овој предлог на Мицкоски „покажува дека и ВМРО-ДПМНЕ разбрала каде е албанскиот глас“.
Сепак, тој рече: „ВЛЕН ќе се фокусира на изборите на 8 мај, за да обезбеди што е можно повеќе пратенички места“.
На осми мај ќе се гласа на парламентарни и втор круг претседателски избори.
Дестан Јонузи