ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Руските сили го нападнаа украинскиот регион Харкив

May 11, 2024 11:42
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Во регионот Харкив, руската инвазивна армија го гранатирала Вовчанск во раните утрински часови на 21.01.2024 година Фото: Укринформ

Во регионот Харкив, руската инвазивна армија го гранатирала Вовчанск во раните утрински часови на 21.01.2024 година Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

Според денешните извештаи, руските сили во Вовчанск во областа Харкив извршија напади врз украинските позиции, пренесува Ројтерс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потврди ова во своето обраќање. Се претпоставува дека ова е почеток на долго најавуваната офанзива врз Харкив. Неизвесно е колкав е бројот на руските сили во областа. Различни извори зборуваат за 50.000 војници на таа рута со артилерија, оклопни возила и воздухопловство.

Според украински извори, Украина успешно ги префрлила резервите и на тој начин ја задржала офанзивата. Властите во градот Харкив ја смируваат ситуацијата и наведуваат дека руските сили имаат доволно ресурси за да дејствуваат само во пограничната област, се уште доволно далеку од градот.

Според изјавите кои доаѓаат од официјални лица од Харкив, се тврди дека руските сили немаат можност и способност да го освојат.

Сепак, во тек е масовна евакуација на цивилното население во областа Вовчанск и околните населени места. Ова го потврдија од локалната администрација. Засега украинските сили имаат целосна контрола врз областа.

Руски извори потврдија дека руските сили извршиле масовни напади врз цели користејќи артилерија, минофрлачи, топови и воздушни сили. Истовремено, напаѓачки групи навлегуваат на некои места (длабочина од 2-3 километри), но не може да се потврди дека овие места се под контрола на руските сили.

Вовчанск се споменува како една од клучните цели. Тоа е главната база и логистички центар на украинската армија во оваа област. Градот игра важна улога во одбраната на североисточниот дел на регионот Харкив.

Подрачјето на Харкивската област долго време беше сива зона, немаше поставено одбранбена линија, така што руските сили можат да одат длабоко неколку километри без да поминат посебни пречки.

Исто така, таа област ја користеа украинските сили, кога во последните месеци организираа неколку напади врз регионот на Белгород. Самиот напад не е изненадување бидејќи украинските власти со месеци најавуваат офанзива на Харкив, пишува Украинска правда.

Освен што нападот всушност е започнат, се уште не е јасно дали навистина се работи за офанзива против Харкив или руските сили само ќе се обидат да ја оддалечат украинската артилерија од границата и да им отежнат напади длабоко на руска територија.

Со евентуалната контрола на Вовчанск и некои други погранични градови, руските сили донекаде би ги намалиле можностите за напад на украинските сили, пред се на градот Белгород, кој беше честа мета во изминатите месеци.

Од друга страна, ако навистина се оди во офанзива, оваа насока не треба да биде единствена. Имено, доколку руската армија сака да го окупира Харкив, би морала да дејствува од правец на регионот Суми, за да го отсече градот од западниот дел на Украина. Клучен во овој поглед е автопатот Кијив – Харкив. Доколку не би ја пресекле целосно таа линија, потребно е да биде во дострелот на артилеријата, односно под постојан надзор.

Истовремено, неопходно е да се изврши напад преку споменатиот Вовчанск на југ, за да се прекине врската меѓу Харкив и Купјанск, каде што се наоѓаат главните трупи на украинските вооружени сили источно од Харкив. На овој начин, Харкив на крајот би можел да биде полу-опкружен или целосно опкружен. Сепак, Руската Федерација би морала да вклучи голема сила (50.000 според проценките не се доволни), чие присуство на северната граница се уште не е забележано.

Бидејќи нема потврда за поголемо присуство на руски сили, сигурно е дека руската страна планира некои други цели.

Како што беше споменато претходно, можно е сценарио во кое руската страна сака само да ги оддалечи украинските сили од границата и да го намали бројот на напади, пред се на Белгород. Во исто време, поместувањето на фронтот кон Харкив дополнително би го парализирало нормалниот живот во градот, односно самиот град би бил првата линија на фронтот.

Ако областа се покаже како пукнатина во одбраната на Украина, можно е и сценарио за вистински офанзиви на градот Харкив.

Она што е важно е дека Украина не може да остане без одговор. Тоа значи дека Украина сигурно ќе префрли дел од резервите на север од фронтот, по што руската армија би можела да нападне на друго место.

На пример, руските сили би можеле да нападнат во Часов Јар, кој многумина го гледаат како клучна точка на украинската одбрана во регионот на Доњецк.

Покрај тоа, важно е и времето за нападот на Харкивската област. САД и остатокот од Западот штотуку одобрија нов пакет воена помош, што според сите индиции ќе биде рекорд. Намерата на руската воена команда е да постигне успех пред оваа помош да стигне на фронтот.

Г. Т.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: нападофанзиваРусијаУкраинахаркив
Next Post

Израел им нареди на жителите на Рафах да се евакуираат

НАЈНОВО

Кабранов и Зенку анализираат: Жестока предизборна реторика, притисоци врз опозициските кандидати

September 16, 2025

Почнува новата сезона во Лигата на шампиони

September 16, 2025
Фото: Скирншот, АП

Рубио најави можна средба меѓу Трамп и Зеленски во Њујорк следната недела

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk