Првиот заменик-претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ од денеска престојува во дводневна посета на Котор каде што ќе учествува на министерскиот регионален состанок на министрите за европски прашања и финансии на Западен Балкан посветен на Планот за Раст и ќе биде дел од делегацијата на Регионалниот самит на лидери, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.
Состанокот на министрите и вицепремиерите на Западен Балкан, додаваат од СЕП, му претходи на утрешниот Лидерски самит на кој ќе учествуваат лидерите на земјите од регионот на Западен Балкан, како и највисоките претставници на Европската Комисија.
На состанокот, според најавите, ќе се дискутираат приоритетите и следните чекори што ќе се превземат за реализација на Планот за раст во регионот на Западен Балкан.