ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

(ВИДЕО) Арсовски за „Фронтлајн“: Уставните измени ќе ја почекаат разрешницата на Преспанската криза

May 31, 2024 17:51
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Политичките партии се фатени помеѓу очекувањата на локалниот електорат кои се доста национални патриотски и тврди – и реалноста на меѓународната заедница која притиска за почитување на преспанскиот договор“, вели во изјава за „Фронтлајн“, Петар Арсовски – политички аналитичар и публицист, зборувајќи за интеграцијата на земјата во Европската унија и очекувањата од претстојната Влада на Христијан Мицкоски во однос на отворените прашања со соседните земји.

– Не мислам дека една политика може да го предвиди целото нивно однесување со текот на времето. Нивниот почеток е доста тврд по тоа прашање, но јас мислам дека со текот на времето ќе омекнува. Како што ќе се зголемува притисокот од меѓународната заедница, како што ќе се зголемува притисокот од неодржливоста на таа позиција, мислам дека ќе омекнува и ставот на Владејачките партии. Очекувам дека можеби не веднаш, но дека со текот на времето тие ќе почнат да го користат уставното име на државата и во т.н усмена комуникација која не е колоквијална, туку официјална. Во таа смисла, нивната надворешна политика по тоа прашање ќе е во луѓе. Мислам дека треба да се почекаат изборите за европски парламент, кои меѓу другото, ја вжештуваат атмосферата и во Грција и дека дури потоа ќе ја видиме вистинската позиција на двете влади по ова прашање, вели Арсовски за „Фронтлајн“.

Што се однесува до договорот со Бугарија, нашиот соговорник, е на мислење дека тој може да не дојде на ред.

– Уставните измени ќе мора да ја почекаат разрешницата на Преспанската, условно речено криза. Очигледно е дека ВМРО ДПМНЕ нема намера да ги донесе уставните измени во сегашниот пакет. Што и како може да се преговара ќе зависи и од политичкиот исход од новата политичка мапа во Бугарија, но и од тоа дали ќе биде тоа единствено прашање за решавање. Ако се собере повеќе од едно прашање може да се случи надворешните опоненти на нашата евроинтеграција да се зголемуваат – па да добиеме и заедничко вето, а тоа ќе стане тогаш по сериозен проблем, подвлече тој.

Дестан Јонузи

 

Tags: нова владаПетар АрсовскиПреспански договорСкопјеСофијауставни измени
Next Post

ДКСК ги повикува избраните функционери да ги почитуваат уставните и законските обврски

Shortcut

Најново

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk