ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Продолжи собраниската седница за избор на новата влада

June 23, 2024 11:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието претпладнево продолжи седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Гласањето ќе следи по завршување на претресот, најдоцна на полноќ.

Владата ќе биде избрана ако за неа гласа мнозинството од вкупниот број пратеници.

Седницата почна вчера со експозе на Мицкоски, а ја следеа претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и претставници на дипломатскиот кор. Мицкоски ги образложи програмата и предлогот за состав на владата. Најави враќање на довербата во институциите, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, економско заживување, намалување на даноците, зголемување на пензиите и платите, градење добри односи со соседите, негување на меѓуетничките односи и посветеност на европските интеграции. На опозицијата и порача дека има подадена рака и дека е подготвен да разговара за сите отворени и важни прашања. Опозицијата, пак, оцени дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања и дека не може да се предвиди дека ќе го реализира она што го ветува.

Меѓу говорниците беше и лидерот на СДСМ, поранешен премиер и актуелен пратеник, Димитар Ковачевски, според кој, програмата има неконзистентни делови и ставови. Најавите за економијата, оцени Ковачевски, се општи, без конкретни бројки за зголемување на просечната и минималната плата, додека во однос на персоналниот состав на владата, истакна дека „дојде време сегашното владино мнозинство да гласа за оние што до вчера ги напаѓаше“, посочувајќи го како пример Арбен Таравари кој е предложен за министер за здравство.

Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во Законодавниот дом брои 78 пратеници, 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.

Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Tags: изборнова владаседницаСобрание
Next Post

Дел од летовите на аеродромот во Манчестер откажани или одложени поради прекин на напојувањето со електрична енергија

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk