ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Трет каснат од змија во Велешко за 10 дена

July 9, 2024 15:16
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доцна синоќа околу 21 часот, 74 годишниот  велешанец Ј.Д. со викенд куќа во село Бањица, Општина Чашка, во дворот кај чешмата, бил каснат на ногата од змија поскок. Неговото семејство во интерес на времето веднаш со автомобил тргнале кон велешката болница и притоа се  јавиле во службата за  Итна помош. Тој на патот кај село Клуковец бил преземен од екипа на Итна медицинска помош и веднаш му бил даден змиски противотров и му била укажана медицинска помош, по што итно  бил однесен во Ургентниот центар на велешката Општа болница, информира за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница.

Тој синоќа по укажаната лекарска помош бил задржан во Одделението за Интерни болести при велешката Општа болница, а изутрината повторно  бил прегледан од д-р инфектолог  кој констатирал дека пациентот е во добра состојба и го испуштил на понатамошно домашно лекување.

Андова  информира дека оваа е трето каснување од змија во велешко за само десетина дена. Претходно, двајца велешани во село Војница била каснати од змии кога го копале лозјето и наишле на змиско гнездо, по што на настраданите од лекарски екипи на Итна помош  веднаш им била укажана прва помош со змиски противотров и потоа исто така  биле донесени   во велешката Општа болница.

Од Службата за итна медицинска помош која е во склоп на ЈЗУ Здравствен дом Велес, информираат дека деновиве по трошење на дозите биле снабдени со  интервентни  дополнителни дози на змиски противотров или антивиперинум.

Тие ги советуваат жителите на Велес и велешко да бидат  внимателен при престој во природа или работа на нива во овие летни денови кога има мноштво змии, а во случај на каснување веднаш да побараат лекарска помоп и да се обратат до нивната служба 194.

Next Post

Град Скопје: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ повеќе од две години не гласаат за набавка на нови автобуси за јавниот превоз

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk