САД ќе и достават на Украина системи за противвоздушна одбрана Патриот системи, покрај оние што веќе ги ветија Германија, Романија и Холандија, се наведува во заедничката изјава објавена по повод самитот на НАТО во Вашингтон.
Во соопштението се наведува дека заедно со системот САМП-Т обезбеден од Италија, оваа поддршка ќе помогне да се заштитат украинските градови, цивилите и војниците од руските напади.
Американскиот претседател Џо Бајден, во говорот на почетокот на Самитот, најави дека САД и сојузници ќе и дадат на Украина дополнително оружје, вклучително и дополнителни системи за противвоздушна одбрана.