ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Додирни ми колена

July 25, 2024 10:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ацо Кабранов

Ацо Кабранов

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АЦО КАБРАНОВ

Фрката околу бизнис класата во која премиерот и најмалку тројцата негови другарчиња (министри) летале на пат за Америка и која е најмалку три пати поскапа, како што напишал бардакот на македонското новинарство, ја направија малициозните СДСМ.

Туку, како дојде до болните колена на премиерот и кризниот пи-ар што распали по сите што не мислат како премиерот и него.

Премиерот на вечерното интервју со Лупевска, нормално, беше прашан за скандалот со учеството на самитот на НАТО, дали биле само дури 21 член, морале ли тој и тројцата министри да летаат со бизнис класа и државата само за нивните карти да искешира за оваа екскурзија 20-тина илјади евра од буџетот. Премиерот онака опуштено, без никаква грижа на совест за државата за која секој ден зборува дека е во  банкрот со сиромашни граѓани, за скапите авио карти најде неочекуван од никој одговор.

Видете, не летавме цело време во бизнис класа. До Виена (нецели два часа) летале во економска класа, штеделе де, а од Виена до Вашингтон, па од таму до Њујорк со бизнис класа оти, ете, имал болни колена и првиот ден немало да може да е движи и да шета на самитот на НАТО.

Хммм, а јас мислев дека е планинар, па постојано се слика како шета по планини ама, ете, криел дека има болни колена. Кој знае каков напор давал и колку болки трпел да и прати на нацијата дека е здрав ко дрен.

Мислам дека и Лупевска беше шокирана од изговорот, а јас, жими се, подголтнав. Не ми беше смешно, оти искрен да бидам, мислев дека нè извози со нова невистина. И до тука е ок. Интервјуто заврши, тој нервозен, Лупевска верувам беше уште понервозна и измрцварена од одговорите што ги доби.

Операција кризен пи-ар

Но, чинам ноќта по интервјуто премиерот сфатил какви изговори и прикаски кажувал, а и кај првиот пи-ар обрач околу него црвеното светло било запалено. Започнал договор за кризен пи-ар за скинатата зелена.

Сите чекале на неговиот новинарски “бардак“ да накрца писание за манипулантите, пакосните и злобните, и за нас неуките и лакоми рекетари бардови на Боки-13, како што нè нарече, во што е кваката со бизнис класата. Болните колена ги рипна да не го шири и тој изговорениот гаф на премиерот.

Со бизнис класа орни за работа?!

“Премиерот и министрите треба да патуваат во бизнис класа, во авионите и во другите превозни средства. Тоа е факт.

Скапите авиобилети не се луксузирање, туку сосема обратно – можност за штедење на народните пари. Тоа е аргумент.

Звучи нелогично? Да, ама само за малициозните и за тие што се ложат на евтин популизам.

Оние другите можат да се информираат дека патувањето со бизнис класа на патниците им нуди услови и за работа за време на летот и за квалитетен одмор, после кој се спремни и орни за работа. Така многу деловни луѓе, но и обични смртници, кои се принудени или едноставно сакаат да патуваат, ги скратуваат „празните одови“ и времетраењето на своите патувања и така штедат на хотелски трошоци, на скапи и заморни трансфери од аеродромите до своите дестинации и слично.”

Ова е аргументирање. Е ова е вистинско објаснување, се разбира, од новинарскиот бардак на Мицко и олигарсите. Народот е простичок, вака ќе биде изденфлуван а малициозните и клетите ќе си добијат лекција. Богами браво.

“Држава не сме пасти мајку вам ваша фашистичка“.

Нејсе, ќе се изнагледаме кинење зелени, ќе читаме оправдувања од кризните лаборатории.

Станува забавно..

Затоа допирајте си ги колената, како што пееше Зана “и задоволи ме јееееееее…


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Либертас

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk