ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Започнуваат Олимписките игри во Париз, 7.000 спортисти ќе запловат по реката Сена, 300.000 гледачи ќе ги следат од брегот

July 26, 2024 08:01
in ДЕНЕС, СВЕТ, СПОРТ
AI generated image

AI generated image

Share on FacebookShare on Twitter

Франција денеска има намера да го импресионира светот со екстравагантна церемонија на отворање на Олимписките игри во Париз каде околу 45.000 полицајци, 10.000 војници и 2.000 лица од приватни компании за обезбедување ќе се грижат за безбедноста на парадата покрај реката Сена, нејзиниот брег и околните споменици.

Планирано е речиси 7.000 спортисти да запловат по реката Сена покрај најпознатите париски знаменитости, додека повеќе од 300.000 гледачи ќе ги следат од брегот.

Уникатното шоу на реката Сена ќе започне вечерва во 19:30 часот.

На Игрите ќе настапат 10.500 спортисти од 206 држави, кои ќе се натпреваруваат во 32 спортови, а прв пат во историјата ќе бидат поделени олимписки одличја во брејкденс.

Македонската олимписка експедиција ја сочинуваат шестмина спортисти – Дарио Ивановски (атлетика), Владимир Егоров (борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/ 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Мила Рељиќ (таеквондо).

Знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.

Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).

Игрите официјално ќе ги отвори францускиот претседател Емануел Макрон, а на свечената церемонија најавено е присуство на околу 120 шефови на држави и влади и други функционери, меѓу кои и германскиот канцелар

Олаф Шолц и првата дама на САД Џил Бајден. Според весникот „Паризиен“, украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да биде во Париз.

Засега не се знае кој ќе го запали олимпискиот оган, но според медиумите оваа чест ќе и биде доделена на француската спортистка и трикратна олимписка шампионка Мари Жозе Перек или на фудбалската ѕвезда Зинедин Зидан.

Свеченостите ќе вклучуваат музички и танцови изведби, како и светлосно шоу со настап на 400 танчари и 3.000 уметници.
Олимписката програма официјално почна во средата, а Игрите во Париз ќе траат до 11 август.

AI generated image

ОИ се одржуваат во време на големи безбедносни ризици, односно во време на засилени геополитички тензии.

Од последните Олимписки игри во Пекинг во 2022 година, избувнаа војни во Украина и Газа, што сега е тензична позадина на Игрите. Франција е на највисоко ниво на безбедност, иако официјалните лица повторија дека нема посебна закана за церемонијата на отворање или за самите игри.

Како дел од големата безбедносна операција, властите ставија 155 лица под мерки за надзор кои строго го ограничуваат нивното движење според законот за антитероризам.

Израелските натпреварувачи ќе бидат придружувани од елитни тактички единици, а тие натпреварувачи ќе имаат 24-часовна заштита за време на Олимписките игри, посочуваат надлежните.

Десетици светски лидери ќе бидат во Париз на свеченото отворање, кое ќе биде заштитено со снајперисти на покривите. Коритото на реката Сена е исчистено од бомби, а воздушниот простор на Париз ќе биде затворен.

Авиони за радарски надзор и беспилотни летала Reaper ќе ги надгледуваат чувствителните локации одозгора, а борбените авиони Мираж 2000 ќе бидат во состојба на подготвеност за пресретнување авиони што евентуално ќе залутаат во ограничен воздушен простор.

Tags: олимпијадапариз
Next Post

Сончево и ветровито, температури до 35 степени

Shortcut

Најново

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk