ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ – Илинден е голем светилник, да ги дочуваме својот идентитет и вековната посебност

August 2, 2024 09:14
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Mанифестацијата „10 дена Крушевска Република“. Фото: МИА

Mанифестацијата „10 дена Крушевска Република“. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Со подигнување на бајракот на Републиката, со симболично испукување на црешовото топче и со читањето на Крушевскиот манифест, синиќа на Гумење во Крушево свечено беа отворени научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ со што и започна чествувањата за големиот Илинден и 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. На чествувањето покрај повеќе гости присуствуваше и претседателот на владата Христијан Мицкоски.

Потенцирајќи дека заедничкото живеење на сите националности во илинденско Крушево е пример за целокупното живеење во Македонија, крушевскиот градоначалник и претседател на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, Томе Христоским нагласи дека Илинден е голем светилник што го покажува правецот кон сигурната иднина.

– Илинден е победа за сите кои движат напред. Денес живееме во држава втемелена на Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ. Идеите и вредностите запишани во овие безвременски документи од нашата историја денеска се наша реалност.  Илинден е и ќе биде нашата сила за светла, европска иднина за сите граѓани на Македонија. Историјата ги памети тие што се издигнуваат, преземаат, му даваат сила на својот  глас, и се решени да донесат одлука. Тие пишуваат историја, историјата ги запишува нив. Илинден е симбол за нашата борба за слобода и човечки правдини, рече Христоски на отворањето на Манифестацијата.

Според министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во пресрет на Илинден, повторно му кажуваме на светот дека Македонија не беше и не ќе биде јалова грутка, за да ја поткршува кој најде и кој ќе стигне.

-Денеска, на страниците на светското паметење, со гордост запишуваме дека пред 121 и пред точно 80 години, ние ги избравме и ги испративме најдобрите синови први да ги огрее сонцето на слободата. Хероите од Мечкин Камен и Слива, ни покажаа како се чува слободата, тој најскап идеал на човекот, а ние сме онаа генерација на која ѝ е оставен аманетот – со убавината на сопствената култура и традиција, да ги дочуваме својот идентитет и вековната посебност, како скапоцен влог во мозаикот на светската цивилизација, рече Љутков.

Да се зборува за Крушево значи да се зборува за сопствената историја, традиција и култура. За град музеј, кој изобилува со историски зданија како одек од минатото и потврда за непроценливото културно наследство на нашата држава.

-Силно верувам дека предвидената програма на  манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“  ќе биде  нов  културен светилник на Балканот, за кој долго ќе се зборува и по кој светот ќе нè препознава, како град и земја што задолжително и со восхит треба да бидат посетени, нагласи министерот за култура и туризам Зоран Љутков со што ја прогласи за отворене, сега веќе националната манифестација „10 дена Крушевска Република“.

На Гумење во предвечерието на празникот се одржаа богата културно-уметничка програма и огномет.

Денес на празникот од 11,30 часот е централното чествување на Мечкин Камен каде ќе се обрати претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Next Post

Голема размена на затвореници на САД, Германија и западните сојузници со Русија, ослободен и новинарот Гершкович

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk