ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во Прилеп протести и блокада на жителите на прилепско Оревоец, на Управен суд ќе ја оспоруваат владината одлука за концесија на „Бехтел и Енка“

August 12, 2024 12:21
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на прилепско Оревоец одржаа едночасовна блокада изутрината од 7 до 8 часот на патот Прилеп-Плетвар, кај месноста Заполшки мост како револт поради ископите на „Бехтел и Енка“ до селото и владината одлука за издавање концесија, а потоа со протести застанаа пред зградата на Општината  во центарот на Прилеп. Тие, велат, не се откажуваат од протестите и бараат да се најдат решенија, пренесува МИА.

По средбата со градските власти, адвокатот Жаре Стеваноски рече дека добиле ветување дека до четврток прилепскиот градоначалник Борче Јовчески ќе закаже средба со директорот на  ЈП за државни патишта. Револтот на жителите е поголем по владината одлука од 24 јули за издавање концесија на „Бехтел и Енка“ за мермер. Одлуката ќе ја оспорат пред Управниот суд.

-По донесената одлука на Владата на 24 јули за издавање концесија на „Бехтел и Енка“  и по нејзиното објавување откако дознавме, го организиравме денес овој помасовен протест и пред локалната самоуправа. Бевме повикани од градоначалникот Борче Јовчески. Свесен е за состојбата во која се наоѓа локалната самоуправа и можностите кои ги има на раполагање, добивме ветување дека градоначалникот, најдоцна до четврток, ќе организира работен состанок со директорот на ЈП за државни патишта и со нивни претставници, со цел да ги соочиме аргументите „за“ и „против“ отворањето на рудникот во селото Оревоец.  Јас сум повеќе од убеден дека немаше до ова да дојде доколку се одржење состанок со ЈП ДП и со министерот за транспорт и врски, што ние баравме. Дополнително, во поткрепа на нашите аргументи ги имаме наодите на вештите лица кои, буквално укажуваат на опасноста која претстои од сите аспекти, во однос на животната средина и природата, и во однос на изворите и по однос на спротивставеноста на самата одлука со Законот, зашто за село Оревоец во 2022 година е донесен детален урбанистички план, па така и за издадената концесија и оваа одлука е незаконита. Дополнително, одлуката на влада ќеја оспориме пред управниот суд, изјави Стеваноски.

Оревоец не е елитна населба, туку живеалиште на 30-тина жители. Протестите остануваат до наоѓање решение, за што жителите, велат, дека се подготвени да се бара.

-Остануваме на протестите зашто гледаме дека никој ништо не презема, па работите ги зедовме во свои раце. Овде станува збор за нашите животи, живеалишта, за животната средина и за водата. Очигледно со издавање на концесита станува збор само за пари, зашто на концесијата јасно стои дека се издава за мермер. А патишта со мермерни плочки не се прават, вели жителот Дејан Ачкоски.

Жителите очекуваат Управниот суд во побрз можен рок да одлучува и во однос на владината одлука и во однос на времената мерка за стопиање на ископите.

Next Post

СДСМ: Предложениот ребаланс на буџетот е катастрофално лош, на штета на работниците и економијата

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk