Во затвор во градот Суровикин, во Волгоградскиот регион, затвореници ги нападнале затворските чувари и затворската управа и земале заложници, објави Руската Федерална агенција за извршување на затворски санкции.
Затворениците со ножеви ги нападнале вработените во затворот на седница на дисциплинската комисија и ги земале како заложници.
Руските медиуми јавуваат дека е можно да има жртви меѓу чуварите и администрацијата.
Некои канали наведуваат дека се работи за затвореници кои се членови на терористичката организација Исламска држава. Засега нема потврда за таа информација.
Според руските медиуми, ранет е шефот на полициската станица, како и уште три лица. Ранетите, според неофицијални руски медиуми, се префрлени во болница.
Наводно, имам од Волгоград бил ангажиран да преговара со киднаперите. Наводно, киднаперите бараат хеликоптер и два милиона долари. За тоа пишуваат Телеграм каналите поврзани со руската полиција. Засега нема официјална потврда за оваа информација.
Руските медиуми јавуваат дека специјална антитерористичка единица пристигнала пред затворот и се подготвува за операција за ослободување. Во затворот има околу 1.230 затвореници.







