ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Десет нови случаи на голема кашлица регистрирани минатата недела

August 23, 2024 14:15
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот од 16 до 22 август пријавени се десет нови случаи на голема кашлица, за 52,4% помалку во споредба со минатата недела, информираат од Институтот за јавно здравје. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – четири, а пријавени се и два случаи од Куманово и по еден случај во Дебар, Битола, Кичево и Тетово. Две од новопријавените лица се хоспитализирани.

Возраста на заболените се движи од 2 месеци до 43 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под една година.  Во однос на вакциналниот статус на заболените, шест лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, две се комплетно вакцинирани и две се вакцинирани согласно возраста.

Заклучно со 22 август во РСМ се регистрирани вкупно 1032 случаи на голема кашлица,  со инциденца од 56,2/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 750, во Куманово се пријавени 83 заболени лица а во рамките на епидемијата во Тетово, пријавени се 59 заболени лица. Случаи се пријавени и во други 20 градови низ државата.

Од 18 јануари до 22 август годинава согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом–Скопје, од службите за вакцинација утврдено е дека се пронајдени 21.696 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив вакцинирани се 14.822 (68,3%). Од податоците од центрите за јавно здравје во земјава во истиот период пронајдени се 10.074 деца пропуштени за вакцинација, а од нив се вакцинирани 6.776 (66,9%).

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) посочува на препораките за заштита и превенција на појавата на нови случаи на голема кашлица и да се спречи понатамошно ширење на заболувањето, нагласувајќи дека е потребно да се зголеми опфатот со примарната вакцинација со вакцина која ја содржи компонентата против голема кашлица со цел да се достигне препорачаниот од СЗО опфат од 95%, како на регионално и локално, така и на национално ниво.

Tags: голема кашлицаИЈЗ
Next Post

Мицкоски го повика Обвинителството да ги провери тврдењата на СДСМ за бегството на Рамадани

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk