ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костадиновска Стојчевска му возврати на Лефков: Драматично изнесување на лаги, доколку имаат индиција за криминал нека поведат постапка

August 25, 2024 16:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, одговори на обвинувањата кои денеска на прес-конферениција ги изнесе пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– Додека народот чека ВМРО-ДПМНЕ да почне нешто да работи како власт и да ги исполни изборните ветувања, тие снимаат прес-конференции на кои со драматично изнесување на лаги сакаат да ја дефокусираат јавноста од нивните скандали кои ја тресат актуелната власт. За да ја сокријат неспособноста на нивната влада и досегашните злоупотреби на службената положба на нивните коалициски партнери, ВМРО-ДПМНЕ на многу низок начин, со фабрикување лаги се обидува преку поранешни функционери на СДСМ да избегне одговори и одговорност во своите редови, наведува во објавата на социјалните мрежи Костадиновска Стојчевска.

„Доколку имаат било каква индиција за криминал односно криминално работење од моја страна во Министерството за култура ги охрабрувам да поведат постапка пред надлежните инстанци. Бидејќи нема, затоа ВМРО-ДПМНЕ се реши на прес конференции да лови во матно каде нема ниту едно прекршување на законите и со ширење на невистини. Објавувам еден од доказите дека не сум користела буџетски средства ниту службена картичка за купените куфери. Министерот Љутков и неговиот тим, близок до нивна поранешна министерка позната по купување на брендирани чевли, ташни и фустани, нека се занимаваат со македонската култура наместо да губат време на гуглање на продавници од каде сум купувала за правење драми пред јавноста“, истакна Костадиновска Стојчевска.

Претходно пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, ја обвини ексминистерката за култура дека „на службен пат во Лондон потрошила над 700 фунти за приватни потреби“.

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, спротивно на прописите, трошела ненаменски буџетски средства додека била на функцијата.

Миле Лефков, пратеник, член на партискиот Извршен комитет на прес-конференција денеска информираше дека ексминистерката, како што рече „Бисера Антоанета“, за време на четиридневно службено патување во октомври минатата година во Лондон, потрошила 714 фунти за приватни потреби. Покрај трошоците за хотелско сместување, рече Лефков, во патниот налог таа имала приложено сметки за репрезентација.

-Но при увидот на содржината на сметките за репрезентација и увидот во приложените сметки од службената картица ВИЗА, се констатира ненаменско трошење на буџетски средства. Бисера Антоанета потрошила 714 фунти, исклучиво за лични потреби, во Продавницата Gift Galore London потрошени се 89 фунти и купени се фудбалска топка – city football и плишено мече – Paddington bear и двете платени од службената картичка ВИЗА. Шопинг манијата на Бисера Антоанета не запрела тука, туку продолжила и во познатата продавница за куфери „Самсонајт“, каде министерката со средства од Буџетот решила да се поднови со два куфара, еден голем Upscape spiner 68/25 Black во износ од  219 фунти од службената картичка  и еден помал од истата линија во износ од 59 фунти платен во кеш од службените парични средства, истакна Лефков.

„Со народни пари“, рече тој, Костадиновска-Стојчевска „пазарела во „Mарк & Спенсер“ каде потрошила 42 фунти за чорапи и хулахопки платени во кеш од службените парични средства“.

-Во GIFT BOX во Лондон, продавница за подароци потрошени се 146 евра од службената картичка ВИЗА, за ова трошење нема доставена никаква сметка тука само слипот од платежната картичка. Исто така,  потрошени се 158 фунти платени во кеш од службените парични средства  во  Warner Bros. Studio Tour London: Harry Potter за подароци, како што се раквици, маички, ташна за милениче, изгубената дијадема и сл. Се на се, за лични приватни потреби, Бисера Антоанета троши 714 фунти или пресметано во денарски парични средства 51.169 илјади денари, за четири дена во Лондон, пари со кои во Македонија се храни цел месец едно четиричлено семејство, додаде Лефков.

Посочи и дека согласно Уредба е регулирано трошоците кои ги прави министерот за култура на месечно ниво да не можат да надминат 60 евра во денарска противвредност и дека треба да направат раздолжување во благајничката каса во рок од седум дена по завршувањето на службениот пат.

-Бисера Антоанета во неколку наврати го пречекорила дозволеното ограничување, а се раздолжувала и по неколку месеци, изјави Лефков.

Ова е првиот случај од, како што рече, „обелоденување на скандалот ’Бисера Антоанета” во серијал од прес-конференции во наредните денови, низ кои ќе презентираат „во каква аздисаност и раскош живеела и министерувала“  Костадиновска-Стојчевска.

Ј. Ѓ.

 

Tags: Костадиновска СтојчевскаЛефков
Next Post

Објавен е идентитетот на напаѓачот од Солинген, се работи за терористички акт

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk