ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Коце покроце, заборави дека потроши милиони евра на палми, жални врби и градски плажи со твоето „домаќинско“ работење?

August 26, 2024 12:41
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
фотомонтажа: окно.мк

фотомонтажа: окно.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Што се случува со старо-новите, бајато-свежи вмровски кадри поставени на функции на сите нивоа во новата владејачка гарнитура? Како да ги фатила епидемија на колективна амнезија.

Не, не зборуваме за колективната амнестија што директорот на Управата за санкции им ја даде на осудените сопартијци, потпишувајќи им отпусници од затвор заради констатираните разно-разни болести поради кои морале да се лекуваат во болнички услови, со „појачана“ терапија истовремено да одат по партиски митинзи. Не, тоа е една друга категорија.

Колективнава амнезија се однесува на целосно отсуство на меморија за акциите и дејствијата кои ги преземале додека биле предходно на власт. Добро, можеби долгото седење во опозија придонело за таа масовна појава, која како да е високо заразна, па секојдневно гледаме појава на нови случаи, кој од кој потежок. Настрана што масовно ги забораваат предизборните ветувањата за промена на Преспанскиот, договорот со Бугарија, враќање на знамето, името, презимето, никогаш Северна…сега забораваат и што барале додека биле во опозиција, па и што (с)работеле додека биле на власт, пред да станат опозиција.

Така, откако министерката за образование и наука Весна Јаневска, заборавајќи дека од позиција на опозиција бараше, сега и веднаш, не 10, не 15, туку цели 18% зголемување на плата за образовната фела, и повикуваше на штрај ако не се исполнат барањата, сега таа истата, но од позиција на власт вели дека покачување оваа година нема да има, и сега се побитни знаењето на учениците, напредокот на државата, почитта од страна на родителите, од учениците, од општеството, бла,бла,бла…ќе има покачување, еден ден, само не оваа година, и на образовните работници, преку омилениот синдикалец, претседателот на СОНК Јаким Неделковски, им порача да седат мирни, да стиснат заби и да не подлегнуваат на повици за штрајкови.

Вчера гледам дака високо заразната колективна амнезија го зафатила и Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Скопје, ако воопшто и се сеќава на тоа, бидејќи очигледно е дека не го служи добро меморијата кога е во прашање тој дел од неговото функционерско искуство.

Како поинаку да се протолкува вчера дадената изјава од Коце Трајановски – директорот на Јавното претпријатие државни патишта, кој напаѓајќи ги неговите предходници, вели дека сега тој ќе тработел посветено и домаќински.

Како што работеше посветено и домаќински Коце Трајановски – поранешниот градоначалник на Град Скопје, познат како соучесник и извршител на мегаломанскиот промашен проект Скопје 2014?

Коце Трајановски – поранешниот градоначалник на Град Скопје, кој заедно со тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ потроши 500.000 евра за набавка на 1.100 насади наменети за низ цела Македонија, а од засадените 138 палми на неколку локации во Скопје, сега им нема ни трага, ни глас.

Коце Трајановски – поранешниот градоначалник на Град Скопје кој садеше жални врби во Вардар и инсталираше гејзери во истата река, кои требаше да еруптираат со млазеви вода, ама водата од нив нешто многу кафејава излегуваше.

Коце Трајановски – поранешниот градоначалник на Град Скопје кој покрај сите споменици, огради, фонтани, фасади кои сега се во распад, потроши и нешто помалку од 380 000 евра за градски плажи покрај тој ист Вардар, плажи кои никаде ги нема.

Тоа е домаќинското и посветено работење на свежиот функционерски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски.

Ете, затоа е таа колективна амнезија во редовите на владејачката партија. Со надеж дека истата, како зараза ке се прошири врз сите, и овие „успеси“ од минатото ќе ги покрие заборав.


Текстот е личен став на авторот. Преземено од Цивил Медиа
Next Post
Спасувачките работници во Днипропетровската област за време на масовниот руски воздушен напад на 26 август . Фото: Државна служба за итни случаи/Телеграм

Најмалку 4 мртви во масовниот руски напад со ракети и дронови врз Кијив и други градови низ Украина

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk