„Јас верувам дека авторот треба да го произведува својот поглед на нештата, да го создава и изразува својот уметнички свет, слоевито да ги доловува феномените, да ги согледува нивните исклучоци и недоследности со кои самиот живот ѝ бега на секоја доктринарност и којшто, барем мене така ми се чини, се одвива како противречен, често и на апсурдни и парадоксални начини. Битно е при тоа да ја видиш не само Другоста, но во Другоста и нејзините контарикторности. Како кога, слој по слој, ја запознаваш субатомската структура и силите кои ги владејат нејзните сѐ подребни или недооткриени честички и нивните својства, па и ќуди; и едновремено, важно е да можеш да забележуваш и да ја вградуваш и големата слика, „тоталот“ на општествениот, уште подобро на цивилизацискиот процес. Тоа е доста тешко, но тоа е добриот начин.“, вели писателот Томислав Османли во интервју за „Трн.
Целото интервју тука.