Владата, но и самиот премиер Христијан Мицкоски во неколку јавни настапи ја алармираше јавноста дека има информации дека одредени кругови во државата се заинтересирани за дестабилизација.
Зајакнувајќи го овој наратив како национална тема, актуелната Влада ги остава во сенка проектите кои се од интерес на граѓаните и државата. Занимавајќи се со „дестабилизација“, наставниците од септември нема да имаат покачување на платите, како што предвидено законското зголемување, учениците нема да имаат книги за странски јазици, па ќе бидат принудени да учат од социјалните мрежи, како што препорача министерката за образование, Весна Јаневска.
Од друга страна, зголемувањето на пензиите од 5 илјади денари како ветување не се реализира па се камуфлира со етапно зголемување.
Политички аналитичар и публицист Петар Арсовски вели дека наративите кои се поврзани со национални чувства, патриотизам, безбедносни закани секогаш се податливи за политиката.
– Наративите кои се поврзани со национални чувства, патриотизам, безбедносни закани или генерално, со страв, се секогаш податливи за политичките партии, зашто на релативно лесен начин се одржува актуелноста, па со тоа и рејтингот на оние кои ги пласираат. Така, полесно се управува со емоциите на електоратот и се избегнува испорака на ветувања, бидејќи испораката е диспропорционално потешка за спроведување. Затоа, многу партии во светот, но и во регионот, лесно посегаат по етнички антагонизам, фиктивни закани, и воведување елементи на страв кај граѓаните, во обид да се постават како заштитници на гласачите, и од тоа да ползуваат актуелност и рејтинг, изјави Арсовски за „Фронтлајн“.
Д. Јонузи
Поврзано: