ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

„Дестабилизација“ за прикривање на неуспехот!

September 6, 2024 13:13
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Владата, но и самиот премиер Христијан Мицкоски во неколку јавни настапи ја алармираше јавноста дека има информации дека одредени кругови во државата се заинтересирани за дестабилизација.

Зајакнувајќи го овој наратив како национална тема, актуелната Влада ги остава во сенка проектите кои се од интерес на граѓаните и државата. Занимавајќи се со „дестабилизација“, наставниците од септември нема да имаат покачување на платите, како што предвидено законското зголемување, учениците нема да имаат книги за странски јазици, па ќе бидат принудени да учат од социјалните мрежи, како што препорача министерката за образование, Весна Јаневска.

Од друга страна, зголемувањето на пензиите од 5 илјади денари како ветување не се реализира па се камуфлира со етапно зголемување.

Затоа, тезата дека некој сака да ја дестабилизира државата – може да се сфати и како пристап за прикривање на неуспехот да се реализираат проекти кои се во интерес на општеството.

Политички аналитичар и публицист Петар Арсовски вели дека наративите кои се поврзани со национални чувства, патриотизам, безбедносни закани секогаш се податливи за политиката.

– Наративите кои се поврзани со национални чувства, патриотизам, безбедносни закани или генерално, со страв, се секогаш податливи за политичките партии, зашто на релативно лесен начин се одржува актуелноста, па со тоа и рејтингот на оние кои ги пласираат. Така, полесно се управува со емоциите на електоратот и се избегнува испорака на ветувања, бидејќи испораката е диспропорционално потешка за спроведување. Затоа, многу партии во светот, но и во регионот, лесно посегаат по етнички антагонизам, фиктивни закани, и воведување елементи на страв кај граѓаните, во обид да се постават како заштитници на гласачите, и од тоа да ползуваат актуелност и рејтинг, изјави Арсовски за „Фронтлајн“.

Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) во изјава за „Фронтлајн“ вели дека забележително е дека, повеќе од еден месец, наративот за наводна „дестабилизација на државата“ е една од најдоминантните теми во медиумите и јавноста, а како главен промотор на овој наратив се јавува премиерот Мицкоски, кој беше постојан извор на информации на тема „дестабилизација на државата“, а овој наратив може да се забележи и во настапи на други високи владини функционери и претставници на владејачките партии.

– Но, иако премиерот во повеќе наврати индицираше дека се подготвуваат сериозни кривични дела против државата, јавноста сè уште нема проверени и потврдени информации и аргументи за овие обвинувања, ниту пак за тоа какви конкретни мерки преземаат институциите, Владата, МВР и други органи задолжени за безбедноста, а нема ниту информации за активности што во оваа насока ги презема обвинителството. Сепак, иако нема конкретни докази и информации за „дестабилизација“ ниту пак за активности и мерки на институциите за нејзино адресирање, голем дел од медиумите ги објавуваа таквите информации како проверени и потврдени, а не како претпоставки и шпекулации, што кај граѓаните и јавноста може да создаде чувство на загриженост и страв за нивната сигурност и безбедност, изјави Сарачини.

Сето ова, смета нашиот соговорник – упатува на заклучок дека власта го користи наративот за наводна „дестабилизација“ на државата за да ја дефокусира јавноста и да го оттргне нејзиното внимание од други актуелни теми, и да го покрие нејзиниот неуспех за остварување на големите ветувања што им беа дадени на граѓаните за време на предизборната кампања.

– Колку за потсетување, новата власт вети дека како приоритет ќе им се посвети на евроинтеграциите, владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и на зајакнувањето на економијата и подобрувањето на стандардот на граѓаните. Ова се одлично поставени приоритети, но, за жал, гледаме дека наместо тоа, по формирањето на новата влада главна тема се наметнуваат меѓуетничките односи и наводната „дестабилизација“, со што се поттикнува понатамошна поларизација и поделби во општеството, подвлече тој.

„Тие кои имаат интерес да ја дестабилизираат државата се највешти и најсилни кога има нестабилност. Демократијата подразбира стабилни институции и ќе сториме сѐ да ги заштитиме“, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали сѐ уште стои на ставот што го изнесе претходно дека има луѓе, кои работат на дестабилизација на државата.

„Информациите за дестабилизацијата се такви какви што се. Сите што од голтари станаа милионери и владееја со Македонија изминатите седум години, сите оние кои што дивееја по улиците имаат интерес да ја дестабилизираат затоа што тие се највешти и најсилни кога има нестабилност. Но, ние како држава и како Влада ќе се бориме за стабилна држава и стабилни институции, затоа што демократијата подразбира стабилни институции и ние ќе сториме сѐ да ги заштитиме“, изјави Мицкоски на 24 август, по посетата на Јавното претпријатие (ЈП) за државни патишта.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВлададестабилизацијаПетар АрсовскиПетрит СарачиниХристијан Мицкоски

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk