ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За масите

September 16, 2024 14:15
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ЧУПЕСКА

Рејмонд Батегеј (Raymond Battegay 1927-2016), една интересна умствена фигура; психијатар и хуманист, а веројатно и марксист; мотивиран да ги објасни масовните фашистички злодела, верувам, се позанимавал и со психопатодинамиката на масите. Или, се занимавал малку со групна психопатологија и неа ја врзува меѓу останатото и со масите.

Не, со групите. Не, со мноштвото. Овие ги третира како далеку поразлични видови на заеднички живот кој може да го споделуваат луѓето.

Значи, Батегеј масите ги конкретизира низ нивната психопатодинамика!

И не само тој.

Имено, не е реткост во психијатриските и психоаналитичките наоди, а задолжително(!) во анализите на социјално психолошката динамика, тие да се третираат како вид на психопатологија.

Зошто ова се изучува на овој начин? Зошто се “патологизираат” масите?

Затоа што луѓето кога се десубјективизирани во маса/толпа, поголем е потенцијалот да создадат насилни формации. Спремни се за уништување, па и за екстерминација на цели групи луѓе. Конкретно: на различните!

Така е и кај организираниот фашизам. И токму од овие причини, тој се третира како психопатолошка појавност. И тоа не е дискутабилно. Може дури, да се рече дека е општо место оти фашизмот е вид на социјална патологија.

Сепак, проблемот што се отвара пред нас, е тоа дека и денес, во ”демократски” услови, сè уште постојат опасни, но и јасни тенденции поединците да се претопуваат во маса; а потоа масите/толпите некритички да се однесуваат кон стварноста; да донесуваат одлуки кои не се рационални, па дури и штетни за нив самите; кога насилството (физичко и симболичко) станува нивен modus operandi.

Сетете се на :

24 декември

27ми април.

Бекатон протестот;

Сетете се на нелегалниот надзор; на преземањето бизниси; на медумскиот мрак и помрачина…

Но, кога зборуваме за масите, проблемот никогаш не е во “голото” учество на луѓето во масата, во толпата, туку, поважно е какво е местото и која е улогата на ЛИДЕРОТ во активацијата, мотивацијата и мобилизацијата на масите. Тие, де факто не постануваат тоа, сами по себе, туку нив ги креира токму авторитарен вожд. Затоа и постои јасна разлика меѓу наводаџијата-инспиратор и задоениот реализатор. И, најбитно, масите се такви какви што се (доказливо-некритични !) најдоминантно поради авторитарноста на нивниот водач.

Оттука, масите се создаваат во услови на претходно постоење на авторитарното лидерство, а не поради тоа што луѓето се “глупави” сами по себе.

Напротив , затоа што се излажани, заведени, изманипулирани. А, тоа, секако дека може да има социјално патолошки реперкусии.

Со смртни последици.

На пр. мобилизирана омраза во кривично дело, на кое му претходи говор на омраза. Или геноцид. Или злосторства против човештвото…

Од оваа позиција неминовно се запрашав: какво е политичкото лидерство во нашите околности, денес? Дали лидерските тенденции се авторитарни, со јасна намера да се создадат некритични маси, одчовечени и дехуманизирани ?!

Или, спротивно, имаме лидерство, со демократско-еманципаторски вредности; што ги оснажнува индивидуите во нашето општество и не создава маси?

Дали, политичкото лидерство сака да управува на рамноправна и плуралистичка платформа, или, е склоно да се држи на авторитарниот ракурс?

Оценете сами.

И сами оценете се кон што инклинирате.

Овде, не е новост да се забележат индикативни симптоми на авторитарност, но, еден забавен, деновиве, ми остави посебен впечаток и на лековерност. А, лековерноста , иако може да е акутно симпатична, таа, никако не може да биде истовремено и екскулпирачка.

Местото на министерската за финансии, мили мои, не и е “на лице место” на истражната постапка! Па уште и самата се пофали дека од УЈП и МВР и помагале: на кои учтиво им се “заблагодари”? Јавно “води истрага “ министерката за финансии?! Која е пораката што сака да ја прати? Го помешала ресорот или имаме corpus delict на авторитарна егзибиција?

Не беше толку одамна кога и Брат Љубе на ваков начин “водеше истраги” и влегуваше по фирми со театарски апсења и приведувања (покасно и сам стана жртва на “неговата” театарска дружина).

И да се присетиме, дека, ништо од тоа немаше никаква врска со борбата против криминалот и корупцијата. Целта беше јасна: заплашување! Додека паралелно, интезивната пропагандата ја штимаше масата да биде нарихтана спрема ситење и сеири да фаќа.

Конечно, по оваа инверзија во ресорите, интересно е како судот ќе ги третира обезбедените докази ”лично” од министерката за финансии? Дали истите ќе ја имаат доказната вредност со оглед на тоа дека постои јасен закон за кривична постапка во кој точно е предвидено кој, како, и што е, во секоја фаза на истражната постапка?! Или тоа, денес, не е битно, туку, важно е да “НИ” се плашат; а за народот нека има “спектакл”.

На крајот на денот, сепак, најголемата одговорност е, би се сложила со Battegay, во Лидерството. Или ќе биде демократско, или, ќе биде проследено со вакви слични авторитарни налети и ќе има тенденции да произведува маси. И ова треба да се има во предвид.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Либертас.
Next Post
ФОТО: Кабинет на претседателот на Република Хрватска / Томислав Бушљета

Се откажува ли ДПМНЕ од државното знаме: Освен Сиљановска, и Мицкоски бил пречекан без македонското знаме во Хрватска

Shortcut

Најново

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk