ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија, со заемот се остава постор за политичи манипулации и корупција обвинува СДСМ

September 17, 2024 14:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска со 65 гласа „за“ го  изгласа Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка.

Во текот на општиот претрес за законот на продолжението на 14. седница опозицијата обвини дека договорот за заемот е направен зад затворени врати, со крајно сомнителни намери и носи огромни политички и економски последици со енормно зголемување на јавниот долг. Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека постапката е транспарентна и оти првпат има заем за кој однапред се знае за што ќе биде потрошен иоти ќе се помогне на општините и на стопанството.

Заемот  од Унгарската експорт – импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски образложи ги претстави условите за заемот и посочи дека државава ќе и плаќа на унгарската Експорт импорт банка провизија за евентуално неповлечени финансиски средства во висина од 0,5 проценти од заемот, на годишно ниво.

– По изгласувањето на законот и потпишување на указот од страна на претседателката планираме веднаш да се потпише договорот и овие провизии да не се плаќаат по овој основ, рече Јанкуловски.

Како што дополни, државава ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од  Унгарската експорт – импорт банка пред повлекување на траншата.

-Од она што го знаеме е дека таа провизија ќе изнесува околу 70 илјади евра и  споредено со еврообврзницата што сме ја издале во 2023 година за ист износ на заем   сме платиле 880  илјади евра, а во 2021 година милион и 200 илјади евра, наведе заменик-министерот за финансии.

Целта на обезбедувањето на заемот, посочи Јнакуловски, е да и се помогне на земјата да има одржлива надворешна финансиска состојба, истовремено поттикнувајќи ги економските прилагодувања и структурните реформи.

Пратеникот од опозициската СДСМ Фатмир Битиќи, истакна дека државата ќе биде и должник и ќе плаќа и провизии на фирма која нема сама да ја избере.

-Во случајов покрај провизијата од 0,5 проценти добиваме и скриени трошоци за правни услуги, кои во суштина немаат никаква врска  за македонсккте институции. Се појавуваат скриени трошоци за кои многу малку или воопшто не можеме да слушнеме ниту прочитаме. Никаде не стои колку е износот на скриените трошоци кон избраната консултантска куќа, така што измислените 70 илјади евра и можеби  700 илјади, или пак 7 милиони ги знае само Владата, но наскоро ќе видиме во отворени финансии, рече Битиќи.

Според него, со овој заем се остава постор за политичи манипулации и корупција, а странските заемодавци може да поставуваат услови кои ќе бидат неповолни за нашата држава и ќе влијаат на нашите внатрешни и надворешни политики.

-Унгарската банка има историја за финансирање проекти кои отстапуваат од западно европскиот вредноесен корпус. Се поставува прашањето дали истото ќе се случи и кај нас и дали ќе бидеме приморани да правиме политички отстапки за овој заем, дали ќе бидеме ставени под влијание на надворешно политики агенди кои не се во согласност со демократските вредности  на нашето општество, рече Битиќи.

Ова, оцени, е потенцијална замка која може да ја стави државата на патот на политичка подреденост и економска зависност од режими чии интерси не се усогласени со интересите на нашиет граани и со демократските идеали.

-Ова задолжување носи огромен ризик за економската стабилност на државата, идните генереации ќе ги плаќаат псоедкиците, а  граѓаните ќе се соочат со зголемени даноци и инфлација и намалена куповна моќ. Ова не е патот кон економски развој, рече Битиќи.

Најзагрижувачки рече дека е  „недостатокот на транспарентност и брзината со кое ова задолжување е најавено и веќе се спроведува без никаква институционална контрола и јавен надзор“.

– Како е можно само пет дена по формирањето на новата Влада на 23 јуни  20204 година унгарската банка да достави писмо со намери  за заем од половина милијарда евра. Уште позастрашувачки е фактот што преговорите се почнати со странска влада уште додека ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција. Како, зошто и според кои  правила. Ова е Договор направен зад затворени врати кој носи огромни политички и економски последици врз сите нас, наведе Битиќи.

Според него, образложувањето на потребата за законот од страна на пратеник а не од  министерката за финансии отвора големи прашања дали оваа одлука  е навистина во соглансост со економските интерси  на граѓаните.

– Дали  отсуството на министерката за финасии значи несогласување или уште полошо неподготвеност да преземе одговорност за оваа одлука и за нејзините последици, праша Битиќи.

Обвинувајќи дека процесот се водел во тајност праша и „дали Владата се плаши од реакцијата на граѓаните ако вистината излезе на виделина и зошто овој заем не се објавил во предизборите, бидејќи, како што рече, веројатно стравувале  дека гласачите ќе ја видат поврзаноста со претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“.

Претседателот на Собранието Африм Гаши  ја прекина седница поради немање услови за работа по останатите точки на дневниот ред.

Прочитајте и…

Зошто е штетен за државата кредитот од Унгарија?

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Закон за заем од УнгаријаСобрание

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk