ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Џезаири: Досегашното делување на владата на Мицкоски ја отвара можноста за зголемување на руското и кинеското влијание во нашата земја

September 26, 2024 09:46
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Сељадин Џезаири

Сељадин Џезаири

Share on FacebookShare on Twitter

Сељадин Џезаири од Балканскиот институт за регионална соработка – БИРС, за „Фронтлајн“ вели – досегашното делување на владата на премиерот Христијан Мицкоски ја отвара можноста за зголемување на руското и, патем речено, кинеското влијание во нашата земја.
Запрашан, дали со посетат на Орбан во Скопје се отвораат вратите и за Путин? Џезаири вели дека „Попрво би рекол – за екс-премиерот Никола Груевски!“.

– Но, шега на страна, досегашното делување на владата на премиерот Христијан Мицкоски ја отвара можноста за зголемување на руското и, патем речено, кинеското влијание во нашата земја. При тоа, не го исклучувам и влијанието на соседната Србија, и секако улогата во сето ова на контроверзниот унгарски премиер, Виктор Орбан. Честите патувања на македонските политичари за Будимпешта, како да ми го потврдуваат сомнежот дека владата на премиерот Мицкоски само со зборови е стратешки ориентирана кон европските интеграции, а ги занемарува домашните задачи за да овој стремеж стане реалност, изјави Џезаири за „Фронтлајн“.

Притоа, додава нашиот соговорник, ги имам предвид владините активности на внатрешен план (кога се работи за влошувањето на меѓуетничките односи, при што ги имам на ум расправиите околу балансерот, употребата на албанскиот јазик, и предлог-законот за „бранителите“) и на надворешен: одолговлекувањето на промена на Уставот и стидливата употреба на уставното име на државата од највисоките чинители во земјата.

– Како и да е, дочекот и разговорите со унгарскиот премиер ќе го потврдат или негираат мојот страв дека по неговата посета ќе се отвори уште едно поглавје за тоа каде сме и каде сакаме да стигнеме. Не заборавајќи го при тоа политичко-безбедносниот, геополитичкиот амбиент во кој се наоѓа Северна Македонија и целиот Западен Балкан, подвлече тој.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, заедно со делегација на унгарската Влада, на денеска и утре, ќе биде во официјална посета на Северна Македонија. Во еден од охридските хотели, според најавата, владите на Северна Македонија и на Унгарија ќе одржат и заедничката седница.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и премиер Христијан Мицкоски важат за блиски со Орбан и неговата партија Фидес.

Набргу по формирањето на Владата во Скопје во јуни, за време на самитот на НАТО во Вашингтон што се одржа во првата половина на јули, Мицкоски со Орбан договори Северна Македонија да земе кредит од Унгарија во висина од 500 милиони евра.

Поврзано: 

„Папата“ на Мицкоски и Груевски доаѓа во Скопје, премиерот се приклонува на Орбановата страна

Д. Јонузи

Tags: БудимпештаВиктор ОрбанВладакредитНикола ГруевскиСкопјеХристијан Мицкоски
Next Post

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели по повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk