ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Марија Митева и Венера Љатифи Азизи портпаролки на Владата

October 8, 2024 15:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Марија Митева и Венера Љатифи Азизи се новите портпароли на Владата. Двете се избрани на денешната владина седница. Наум Стоилковски, пак, е именуван за советник за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли.

Изборот на портпароли на Владата вчера го најави и премиерот Христијан Мицкоски во емисијата „100 дена Влада“ на МРТ.

Митева досега ја извршуваше функцијата портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. По професија е дипломиран правник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј со магистратура по деловно право и положен правосуден испит.

– На професионален план, Марија поседува богато работно искуство во правната и политичката сфера, со повеќе од 10 години прогресивно работно искуство. Нејзината професионална историја вклучува позиции како советник за правни работи во Владата, како и советник за нормативни работи во Град Скопје. Во изминативе години активно се занимава со политика, што резултираше со нејзин избор за пратеник во Собранието каде беше вклучена во креирањето и разгледувањето на значајни закони и политички одлуки кои влијаат на иднината на државата, информираат денеска од Владата.

Во делот на неформалното образование, како што стои во соопштението од Владата, Митева има бројни доедукации, како што се обуки кои вклучуваат проектно планирање за ЕУ проекти, управување со квалитетот во јавните институции, родова еднаквост и медиумска писменост. .

Венера Љатифи Азизи е поранешна уредничка и новинарка во Радио Слободна Европа во Прага, уредничка во новинската агенција МИА, уредничка и водителка во Алсат М Телевизија, уредничка во весникот КОХА, А1 Телевизија, и други медиуми во земјата. Актуелно вработена во Кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир како одговорно лице за односи со јавноста и за поддршка на градоначалникот. Дипломиран политиколог на Универзитетот на Југоисточна Европа. Актуелно магистрант по дипломатија и меѓународни односи на тема „Улогата на дипломатските претставништва и евроатланските интеграции на Северна Македонија“. Мажена, мајка на две деца.

Стоилковски е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Tags: Венера Љатифи АзизиМарија Митева
Next Post

Најмалку 11 лица, меѓу кои и едно дете, повредени во руски напад на Харкив

EVN

НАЈНОВО

Илустрација ФБ профил А. Жерновски

Нема виза ни за Периметарот

January 15, 2026

Николоски и Агелер: Економската соработка меѓу Македонија и САД во континуиран пораст

January 15, 2026
Фото: МИА

Почнува Европското првенство во ракомет 2026, Македонија утре против Данска

January 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Шпанското обвинителство отвори истрага за обвинувањата против Хулио Иглесијас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Режисерот и актер Тимоти Басфилд се предаде на полицијата во Ново Мексико по обвиненија за сексуално злоставување деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу 75 земји за кои САД ја суспендираат обработката на иселенички визи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk