ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Ромалитико со платформа за дијалог меѓу креаторите на политики, донаторската заедница и ромската заедница

October 8, 2024 12:11
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Создавање платформа за сеопфатен дијалог меѓу креаторите на политики, засегнати страни и претсетавници на заедницата за да се подобри интеграцијата на Ромите на национално и локално ниво и да се засили меѓународната поддршка за развој на Ромите е целта на дводневната Национална конференција за имплементација на политиките за инклузија на Ромите во организација на Институтот за истражувања и анализа на политики Ромалитико.

На настанот учествуваа претставници на УСАИД, Европската Унија, Светската банка и национални и локални институции кои се фокусираа на адресирање на клучните предизвици и поттикнување на соработка во клучни критични области како што се институционалните реформи, локалниот развој, инклузијата на пазарот на труд, дигиталната писменост и борбата против антициганизмот.

Крајната цел на конференцијата е да се идентификуваат бариерите кои го кочат напредокот на инклузија и да се идентификуваат решенија кои ќе придонесат за одржлив напредок на ромската заедница.

Елвис Шаќири, извршен директор на Ромалитико, потенцираше дека во изминативе 4 години се воспоставени 19 канцеларии во општини со значителна ромска популација, создавајќи централизирани точки каде што секој Ром и Ромка може да пристапи до услугите и до поддршката која ја даваат теренските соработници.

„Овие канцеларии се од витално значење во нашата мисија да ги премостиме празнините во обезбедувањето услуги од страна на државата и да гарантираме дека секој поединец ја има потребната поддршка за да напредува. Преку посветените напори на нашите теренски соработници успешно обезбедивме вработување на над 420 Роми во приватниот сектор. Во образованието, 97 Роми завршија средно основно образование и 560 средношколци добија стипендија. Овие образовни достигнувња се особено клучни за идниот успех и лидерство во заеницата“, рече Шаќири.

Значаен успех е постигнат во решавање на проблемот на лицата без документи, во обрзбедувањето социјални станови за 25 семејства,, во поддршка при легализација на домови за 500 поединци и промени во инфраструктурата каде што живее ромско население. Преку 71 акција, заедно со заедницата, општините, донаторите, приватниот сектор, дијаспората и други општествени групи, дадовме поддршка во реконструкција и изградба на 27 патишта со должина од 4.5 километри, 7 канализациони мрежи, осум мрежи улични осветлувања од 15 километри, 13 еко акции каде што го подобривме животниот стандард на повеќе од 36 илјади сограѓани Роми, нагласи Шаќири.

„Како Ромалитико го фасцилитиравме процесот за донесување на Националната стратегија за Роми 2020-2030, обезбедивме поддршка за донесување на националните акциски планови и изготвиме 19 локални акциски планови од кои 14 веќе се усвоени од локалните совети“, потврди Шаќири.

Фатмир Сабриу, државен секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади во своето обраќање ја акцентираше важноста од креирање инклузивни политики, затоа што преку нив инвестираме во иднината на општеството.

„Инвестираме во општество на еднаквост, односно на еднаква шанса за сите, еднакви можности за пристап до ресурси, еднакви услови за развој, ослободени од предрасуди по било која основа. Ние претставниците на институциите, заедно со граѓанскиот сектор имаме одговорна задача – подигање на свеста за значењето на инклузивноста, креирање инклузивни политики и промоција на инклузивноста како единствена опција во општеството. Ромите се важен дел од општеството, затоа што со својата уникатна култура и традиции, имаат значајно влијание на различни аспекти на животот. Нивната интеграција и активно учество во општествените процеси може да донесе бројни придобивки за целото општество“, рече Сабриу.

Според него, како држава се подготвуваме и за спроведување зелена и дигитална агенда. Вклучувањето на Ромите во дигиталната агенда води кон зголемување на дигиталната писменост, поддршка на децата Роми во областа на образованието кое се повеќе се дигитализира, поддршка на Ромите на пазарот на труд во смисла на стекнување и користење соодветни вештини поддршка на Ромите претприемачи за дигитализација на нивните дејности.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk