ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

October 15, 2024 13:32
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Албанија денеска (15 октомври) го отвора првиот т.н. кластер на преговори за пристапување во ЕУ, со што се одвојува од Северна Македонија која не го исполни условот да го смени Уставот и да ја внесе бугарската заедница во Преамбулата. За власата ова е лоша порака кон македонските граѓани, додека опозициската СДСМ гледа тежок пораз за политиките на Владата.

Драган Тилев, државен советник за европски прашања за „Фронтлајн“ вели дека европскиот процес, или Европезиацијата, односно реформите треба да се разберат и прифатат како константа и неопходност, и како такви НЕ смее да застанат.

– Реформите мора да продолжат. Секој застој или отстапување од европските реформи ќе не турне во ќорсокак и ќе значи само загубено време, енергија која потоа ќе треба да ја надомести генерацијата по нас. Важни се локалните проекти, но мора да се најде патот и до стратешките цели, државните проекти кои го надминуваат векот на една Влада, кои треба да обезбедат интегрирање на земјата во големите општествени, политички и економски системи. Членка сме на НАТО, мора да станеме членка и на Европската Унија, и тоа најбрзо што може, вели Тилев.

Процесот, додава нашиот соговорник, на пристапни преговори се одвива по однапред утврдени правила кои се дел од Преговарачката рамка и Заедничката генерална позиција на ЕУ.

– Согласно Договорот за основање на Унијата, одлучувањето за отворање на Кластери е предмет на едногласност. Како што е познато, во билатералниот Протокол 2 потпишан со Бугарија на 17 јули 2022 година, рефлектиран во заклучоците од Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година, е предвидена промена на Уставот како политичка одредница која е заедничка позиција на ЕУ потврдена на Првата Меѓувладина конференција од 19 јули 2022 година, со која формално правно започнаа пристапните преговори за нашето полноправно членство во Европската Унија. Политичката одредница за продолжување на пристапните преговори е позната, но како да се надмине оваа одредница, се уште е отворено политичко прашање, кое ќе мора да го разрешат политичарите, подвлече тој.

Државениот советник за европски прашања нагласи дека процесот бил и ќе биде проткаен со политички и со технички одлуки. За Албанија, постигната е едногласност за отворање на првиот кластер Фундаменти, за кој таа ги исполнила одредниците за отворање.

– Треба да и посакаме натамошен успех на Албанија и да искажеме задоволство што пријателска соседска држава оди напред во процесот. Од технички аспект и ние сме целосно подготвени да го продолжиме процесот исто така. Северна Македонија ги достави нацрт документите за пресретнување на одредниците за отворање на Кластерот Фундаменти, чија содржина се синхронизира и со Реформската агенда. Веднаш потоа, Европската комисија треба да подготви Извештај за исполнувањето на бараните одредници и да го достави до Комитетот на Советот на ЕУ за преговори. Во тој момент техничкиот дел влегува во политички процес, кој пак зависи од исполнувањето на нашата единствена политичка одредница, нагласи Тилев.

Д. Јонузи

Tags: БриселДраган ТилевЕУреформиСкопјеСофијаТирана
Next Post

Јовановска за „Фронтлајн“: Македонија нема цврста волја да се почнат преговорите со ЕУ

НАЈНОВО

Николоски очекува во декември да се избере изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево- Букојчани

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео X

(ВИДЕО) Руска ракета ја погоди амбасадата на Азербејџан во Кијив

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Инстаграм

(ВИДЕО) Автомобил удри во група луѓе во Белград, неколку повредени

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk