ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Албанска академија на науки и уметности“ – ги зближува ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ!

October 17, 2024 10:59
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ во општините Тетово, Гостивар, Чаир и Желино нема да поддржат финансирање на формирањето на „Албанска академија на науки и уметности“.

– Од тоа што го слушам во медиумите е дека е здружение на граѓани, кое што е така наречено. Ставот на Владата, ВМРО-ДПМНЕ и на разни академици од различни националности е дека во Македонија има само една Академија на науките и уметностите. Јас не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации, туку за инфраструктура, училишта, булевари, паркови. Ние како Влада и јас како премиер остануваме посветени за доброто на сите граѓани без разлика на етничката припадност. Нема да зборувам за теми кои што полизираат. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат такви буџети во рамките на општините, изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Категорично против етнички поделби во науката се изјасни и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Иницијативата за паралелна академија ја оцени како преседан и тенденциозна политичка порака за како што вели создавање „етнички чисти институции“. Од СДСМ најавија дека нема да поддржат никаков парарелизам во институциите, а нивните советници нема да ги гласаат буџетите во тие општини.

– Она што го промовира ВЛЕН служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и нашето мултиетничко општеството. Науката ниту треба да се партизира ниту да се етнизира и злоупотребува во дневно политички цели и потреби. СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите и со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои најавуваат дека имаат намера да го финансираат овој проект со пари на граѓаните, изјави пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески.

Со идејата не се согласуваат и од ДУИ. Генералениот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети од оваа партија ја оценува како штетна иницијативата на владејачките албански партии за Академијата.

https://frontline.mk/wp-content/uploads/2024/10/348c9728-ce00-4a72-b5db-d5aa02257a1d.mp4

– Најавената академија е девалвирана од ниво на академија на ниво на невладина организација. Мислам дека не вреди да се биде дел од вакви проекти, кои го девалвираат она што го претставуваат Албанците, прашањето за академијата во овој случај. Односно, ние не сме дел од планови и не сме дел од такви проекти. Не сме заинтересирани да поддржуваме проекти кои им штетат на интересите на Албанците и проекти кои го оцрнуваат албанското во Република Северна Македонија, изјави Ахмети.

Од ВРЕДИ, пак, апелираа до сите партии, наместо да критикуваат, да дадат поддршка за оваа иницијатива и да се најде правично решение за претставувањето на Албанците во највисоките академски кругови.

– Бидејќи Албанските интелектуалци систематски се дискриминирани во МАНУ, тие немаат простор каде да делуваат. Поради тоа, ние бевме принудени да создаваме платформа која ќе овозможи развој на научната мисла. Додека МАНУ покажува инертност за реформи и одбива да ја прифати сегашната фактичка состојба, албанските интелектуалци се принудени да создадат платформа која нема да работи според политички или етнички критериуми, туку само врз основа на науката. Во 21 век, неприфатливо е да има противење на научните трудови и на унапредувањето на знаењето. Апелираме до сите политички партии наместо да критикуваат, да се охрабарат и да дадат поддршка за оваа иницијатива, за преку инклузивна дебата да се најде правично решение за претставувањето на Албанците во највисоките академски кругови. Како ВЛЕН, не можеме да ја прифатиме логиката на двојна негација, каде што МАНУ не ги отвора целосно вратите за Албанците, а истовремено се проблематизира основање на Албанската академија, соопштија од ВРЕДИ.

Според членовите на Академското здружение за наука и уметност на Албанците неопходноста за создавање Албанска академија е инертноста на МАНУ за реформи.

– Ние се обидовме да развиеме еден општествен дијалог за ова прашање. Бараме од новинарите, од политичарите да не гледаат како пријатели, како луѓе кои се занимаваат со научно – истражувачка дејност, изјави Хасан Јашари, претседател на Академско здружение за наука и уметност на Албанците.

Општините со кои раководат кадри на коалицијата ВРЕДИ ќе го финансираат Албанска Академија на науките и уметностите. Без да прецизира колку средства ќе се одвојуваат од општинскиот буџет, тетовскиот градоначалник, Биљал Касами, рече дека ќе ја поддржат идејата затоа што сметаат дека Албанците треба да бидат претставени соодветно и на академско ниво.

Иако нивниот коалициски партнер ја отфрла идејата за паралелна Академија, со став дека науката не е нешто кое треба и може да се политизира и етнизира, Касами вели дека се отворени за дебата.

„Албанската академија на науки и уметности“ и досега барале пари од сите партии, но само од ВРЕДИ ги примиле на разговор. Имале доставено и елаборат од 120 страници до Владата, но не добиле одговор. Регистрирани се како здружение затоа што тоа било услов да се регистрираат, но тврдат дека функционираат како академија. Седиштето на Академијата е предвидено да биде во Тетово.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албанска академијаВладаВМРО-ДПМНЕВредиДУИСДСМТетово
Next Post

ОЈО Скопје: Се утврдуваат причините за вчерашната тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

НАЈНОВО

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025
ВИ

Славење на руските „успеси“ во македонските и регионалните медиуми

October 17, 2025
Скриншот

(ФОТО) Ким Кардашијан блесна во луксузен и софистициран изглед на премиерата на новата серија „Сѐ е дозволено“

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk