ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Руте: НАТО ќе продолжи со поддршката за Западниот Балкан

October 17, 2024 12:35
in ДЕНЕС, РЕГИОН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Пактот во Брисел.

– Без сомнеж тоа ќе биде на нашата агенда и бидете сигурни дека ќе сториме се и ја изразуваме нашата поддршка за Западниот Балкан, рече Руте.

Тој додаде дека го поздравува и одржувањето на Самитот на Берлинскиот процес, како дел од напорите, пред се на Германија, за приближување на Западниот Балкан кон ЕУ, но и кон НАТО.

Руте додаде и дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што ќе биде потребно и тоа е пораката до рускиот претседател Владимир Путин дека поддршката за земјата ќе трае се додека не се создадат услови за мировни преговори со Русија

– Може да бидете апсолутно сигурни дека сите 32 сојузници се обединети во ставот дека заедно ќе направат се Украина да надвладее на теренот и Путин да не го добие тоа што го сака, истакна Руте.

Генералниот секретар на Алијансата додаде дека на денешната работна вечера, на која ќе се разговара за Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ги запознае министрите за најновите случувања во земјата, но и тој  ќе биде информиран за „неверојатниот напредок на НАТО“ во обезбедувањето поддршка за Украина.

– Како што знаете во првата половина од годинава 20,9 милијарди евра веќе „се во џебот“ (на Укрина) и имаме доволно простор да ги испорачаме сите предвидени 40 милијарди до крајот на годината, додаде Руте, поздравувајќи ги при тоа последните најави на неколку земји, меѓу кои и на САД и Австралија, за испраќање конкретна помош за Украина.

Во врска со членството на Украина во НАТО, Руте нагласи дека на јулскиот Самит на Алијансата во Вашингтон беше потврдено дека тоа е неповратен процес.

– Тоа значи дека во иднината, НАТО ќе има најмалку 32, дури можеби и 34 земји и меѓу нив ќе биде и Украина, истакна Руте, додавајќи дека иако засега не може да каже конкретен термин за зачленувањето, тоа што во моментов се работи на поддршка за обнова на Украина и за обезбедување на нејзината интероперабилност со Алијансата, претставува мост кон членство на земјата во Пактот.

Запрашан што е Русија за НАТО, кога е очигледно дека земјата повеќе не е партнер на Алијансата, Руте одговори дека и на следната средба на министрите за надворешни работи на Пактот што ќе се одржи годинава и на Самитот следната година, ќе се разговара за идите односи на сојузниците со Москва на долг рок, па затоа не сака да ја прејудицира таа дебата.

Во врска со Белорусија, Руте нагласи дека сите докази укажуваат оти Минск ги поддржува руските воени напори со инфраструктура и територија и тоа го прави на штета на сопственото население.

– Таа му помага и го поддржува Путин во војната во Украина и тоа мора да запре. Тоа секако зависи од белоруската политика и народ, но во овој момент земјата страда поради тоа што нејзиниот претседател и ја дава таа поддршка, додаде Руте.

Тој потсети и дека како дел од напорите на НАТО за интензивирање на глобалните партнерства, на состанокот ќе присуствуваат и министрите за одбрана на земјите партнери од Азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, како и претставници на Европската Унија. Со нив ќе се разговара за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите.

На министерскиот состанок на НАТО учествува и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош

July 12, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Приказна за лавот и глушецот

July 12, 2025
Фото: МИА

Музичко-сценски спектакл вечер на Антички за отворањето на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk