ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Град Скопје, Струмица, Сарај и Теарце трн во окото на владата на Мицкоски!

October 18, 2024 12:27
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општините кои не се под контрола на власта нема да добијат ниту денар од унгарскиот заем на Христијан Мицкоски и Викор Орбан, иако и од данокот на граѓаните кои живеат во овие општини ќе треба да се плати кредитот и неговата камата.

Проектите од Град Скопје, Струмица, Сарај и Теарце се одбиени за пари од унгарскиот заем.

Од Градот Скопје реагира дека оваа одлука докажа дека суетата на премиерот Христијан Мицкоск е поважна од било која потреба на граѓаните.

 

– Одлуката на Владата да не додели средства за проектите за кои аплицираше градот Скопје уште еднаш ја потврдува секташката ментална состојба на владата предводена од Христијан Мицкоски. Со оваа одлука докажа дека неговата суета е поважна од било која потреба на граѓаните, а со неистомислениците се пресметува со сегрегација и политички прогон, докажувајќи дека нема никаков демократски ни лидерски капацитет, се вели меѓудругото во реакцијата на Град Скопје.

Од таму додават, дека спротивно на ветувањата дека од средствата од унгарскиот кредит ќе се финансираат проекти во сите општини, без разлика на политичката определба на раководствата на локалните самоуправи, со вчерашната одлука се потврди за неточна.

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов во изјава за „Фронтлајн“ вели дека за оваа Влада Струмица не постои.

– Општина Струмица не доби пари од Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ по огласот за помош на Општините од унгарскиот кредит за реализација на инфраструктурни проекти. Струмица е одбиена, а граѓаните казнети и оштетени со околу 140 милиони денари, средства за кои аплицираше Општината за реализација на проектот за нов Градски пазар. За оваа Влада Струмица не постои. Срамно и жално, затоа што и граѓаните на Струмица и населените места плаќаат данок  од кој ќе се враќа унгарскиот кредит. Ќе враќаат кредит од кој не добија ниту денар иако помпезно се најавуваше дека сите Општини ќе добијат пари за инфраструктурни проекти, вели градоначалникот Костадинов во изјава за „Фронтлајн“.

Со оваа владина одлука, додава тој, не се прави штета само на Градоначалникот, туку на целата Општина во којашто живеат луѓе со различна политичка определба.

– Проектот за кој Општината побара пари има подеднакво значење и за граѓаните од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и од другите политички партии. Струмица и струмичани нема да го заборават овој игнорантски однос, не им е прв пат, но секогаш излегувале посилни, така ќе биде и сега. Ќе се реализира и овој и уште многу други проекти ќе биде Струмица уште по многу нешта прва и единствена Општина во државата и регионот, подвлече тој.

Пратеникот, организациски секретар на ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај – зошто општина Сарај и Теарце не добија поддршка од Владата за проекти од инфраструктурата, впере прст кон првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

– Министерството за животна средина и просторно планирање каде што „џентлеменскиот“ зам.премиер Изет Меџити не даде согласност за проектот да се асфалтира патот во с. Ласкарце каде што истиот од јули годинава не дал ни одобрение и за други побарани проекти од Општина Сарај, а истотака не може да се оправдат со преттекстот дека за општина Теарце било аплицирано преку „приватен e-mail“ кога оврска на секоја институција за било каков пропуст е да контактират и реагират. Бараме да бидете транспарентни и искрени кога се работи на интерес на граѓаните и да не блокират проекти кои се во нивна корист и овозможуват инфраструктурни олеснувања. Сакаме да напомениме и дека Општина Сарај ги извршила сите технички потреби за аплицирање за проектите во Ласкарце, долно Суларе и горно Суларе, реагираше Беџети од ДУИ.

Иако Владата најавува 250 милиони евра поддршка за општините, доделени се само 65 милиони евра.

Од друга страна само Град Скопје, Струмица, Сарај и Теарце од вкупно 80 општини што конкурирале, се одбиени за финансирање со парите од унгарскиот кредит.

20 проекти на Град Скопје, за кои бараа околу 102 милиони евра, се одбиени.

Премиерот им порача на градоначалниците, до 15 ноември да поднесат нови проекти и повторно да се обидат да добијат финансирање од централниот буџет.

На огласот аплицираа 80 општини со вкупно 357 проекти, а од нив 77 општини ќе добијат финансирање за 274 проекти, чија вкупна вредност изнесува 65 милиони евра.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Виктор ОрбанВладаГрад СкопјеДанела АрсовскаСарајСтрумицаТеарцеУнгарски заемХристијан Мицкоски

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk