ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Обвинителот и обвинителството си се само погодија со истиот оној куршум со кој заканувачите пукаа на Џабир

October 23, 2024 11:01
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, МЕДИУМИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Па да, зошто да не, еве мало метафорично „препукување“, онакво како што обвинителот проценил и како што обвинителството му прифатило и за куршумот во глава и за метакот во чело за новинарот, за уредникот Џабир Дерала, за неговиот слободарски дух, за неговите катадневни децениски јавни битки за право и правда, битки за едно поинакво македонско општество, за заедница на еднакви луѓе, за почитувани граѓани ама, ама, како и на лагата, некако и уште пократки испаднаа и нозете на обвинителството кое „пресуди“ дека заканите од некој си примитивец потпишан како Александар Антиќ и нему слични спрема Џабир Дерала, закани со „куршум во глава“ и закани со „метак во чело“, да ти биле само некакви новинарски дребулии и, патем, да ја смисли и во службен акт да ја напише оваа генијална формулација на нашето ажурно обвинителство му требаа цели девет месеци, да констатира дека тоа што на човекот борец разни битанги му се закануваат со куршум во глава и со метак во чело, тоа ти било само обично јавно препукување и тоа, пазете, и куршумот и метакот не се упатени од фелата, од новинар па да има меѓусебни колегијални препукувања, туку од некакви вагабонти кои ниту знаат, ниту разбираат дека метакот и куршумот што би го испукале во Џабир, всушност веќе го испукаа во сите нас, во заедницата, во општеството, во државата и дека, кажано и во оваа една реченица, со одговорот на обвинителството дека тоа утврдило дека заканите биле „новинарско препукување“ практично, со оваа зелена, обвинителот и обвинителството самите на себе си пукнаа во, веќе докажано, нашиот неправеден правосуден систем, во случајов токму тие самите, обвинителот и обвинителството си се само погодија со истиот оној куршум со кој заканувачите пукаа на Џабир.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Цивил Медиа

Поврзано: 

Јавното обвинителство по 9 месеци одлучи дека заканата со „куршум“ за Дерала е „новинарско препукување“, продолжија повиците за „метак у глава“

 

Next Post

Словачка до крајот на годинава ќе ја затвори канцеларијата за врски во Приштина

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk