Во интервју за Цивил Медиа, Ерван Фуере говори за предизвиците на ЕУ, заканите од Русија и неизвесниот пат на регионот.
Ерван Фуере, истражувач во Центарот за европски политики (CEPS), има импресивна 38-годишна кариера во институциите на ЕУ, особено во нејзината Надворешна служба. Неговите истражувања се фокусираат на улогата на ЕУ на Балканот, проширувањето на ЕУ и регионалната стабилност, со посебен акцент на Северна Македонија. Фуере е првиот кој ги извршувал двете функции – специјален претставник на ЕУ и шеф на делегација во Македонија (2005-2010), а исто така бил и специјален претставник за ирското претседателство на ОБСЕ во 2012 година, со посебна одговорност за процесот на решавање на прашањето за Придњестровје. Неговите претходни работни места вклучуваат шеф на делегации на ЕУ во Словенија, Јужна Африка, Мексико и Куба. Како почитуван предавач за надворешната и безбедносната политика на ЕУ, Фуере има придонесено и во магистерскиот курс на ЕУ за човекови права (2000-2010).