ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Европска комисија: Посетата на Орбан на Тбилиси е на ниво на билатералните односи Грузија-Унгарија

October 28, 2024 13:48
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денешна посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Грузија е во рамки на билатералните односи меѓу Будимпешта и Тбилиси и тој нема мандат да говори во име на ЕУ, порача денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Набила Масрали.

– Можам да кажам дека посетата на премиерот Орбан на градот Тбилиси е исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и Грузија. Премиерот Орбан нема добиено никаков мандат од Советот на ЕУ, рече Масрали.

Таа најави дека прашањето за случувањата во Грузија ќе биде на дневен ред неформалниот Самит на ЕУ идната недела во Будимпешта, како и на заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата во ноември.

На прашање дали ЕУ ги признава резултатите од саботните избори во Грузија или не, Масрали не даде конкретен одговор, нагласувајќи дека Унијата бара да бидат разјаснети и решени наводите за неправилности на изборите.

– Не можеме да ги прејудицираме конечните резултати на овие истраги, но многу внимателно ќе го следиме целиот процес, рече Масрали, посочувајќи на  изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во врска со изборите.

На прашање дали ЕУ смета дека исходот од изборите во Грузија е резултат на можна „специјална руска операција“ за мешање и влијание врз земјата, Масрали изјави дека Унијата внимателно ги следи ваквите појави.

– Во предизборната и изборната кампања бевме сведоци на нивоа на дезинформации без преседан и остра анти-ЕУ реторика. Она што можеме да го кажеме е дека некои од наративите користени во текот на оваа кампања беа јасно и директно инспирирани од руската пропаганда, нагласи Масрали.

Запрашана дали има докази дека за обиди на Москва за мешање во изборите во Грузија, Масрали даде потврден одговор.

– Да, Русија се обиде да влијае на изборите во Грузија, додаде Масрали.

Во врска со европската перспектива на Грузија, портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување Ана Писонеро истакна дека земјата има обврски поврзани со спроведување на реформите и усогласување со европското законодавство.

– Ситуацијата е многу јасна, многу добро знаете дека Европскиот совет практично го запре процесот на пристапување на Грузија поради демократското назадување што го видовме во последните месеци со одредени закони, за кои веќе ја изразивме нашата загриженост, рече Писонеро.

Таа додаде дека станува збор за законите за транспарентност на странско влијание и за заштита на семејните вредности и малолетниците.

– Знаете дека во моментов ги финализираме нашите претстојни извештаи за пакетот за проширување, така што се надеваме дека сето ова секако ќе биде солидна основа за дискусии, додаде Писонеро.

Tags: ГрузијаЕКОрбан
Next Post

Руте потврди дека Северна Кореја испратила војници во Русија за да се борат против Украина

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk