ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Дремежот на политичките елити: Хибридната војна на Русија – закана што Европа не смее да ја игнорира

Одамна стана јасно како Кремљ ја користи хибридната војна за да ја дестабилизира Европа. Растојанието од хибридна војна до целосна агресија станува сè пократко. Европа е исправена пред историски предизвик. Дали демократските сили се подготвени за одговор?

October 29, 2024 15:08
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Додека европските сојузи покажуваат сериозни знаци на раздор, директната војна меѓу Русија и Европа станува опиплива закана. Кремљ, темелејќи ја својата долгогодишна доктрина на стратешка агресија и територијално проширување, настојува да ги дестабилизира западните демократии преку хибридна војна, притоа туркајќи ултра-националистички агенди во рамките на европските граници. Дали Европа ќе одговори на време?

Оваа статија е дел од поопширна анализа за прв пат објавена на 20 октомври, која го истражува растечкиот ризик од целосна војна меѓу Русија и Европа, поттикната од хибридното војување на Кремљ и агресивните тактики низ целиот континент. Со зголемените тензии и пресметаните напори на Русија за дестабилизација, Европа стои на несигурна основа. Целата анализа е под наслов „Европа на Работ: Како руската хибридна војна може да прерасне во воен конфликт со целосни размери“.

Да – војна меѓу Русија и Европа е повеќе од возможна. Особено ако Украина биде принудена да отстапи дел од својата територија во некој договор за „замрзнување на конфликтот“, што ни оддалеку нема да биде договор за траен и праведен мир. Планот за победа на украинскиот претседател Володимир Зеленски наиде на резерви кај западните сојузници и на силен отпор од Унгарија и Словачка (членки на ЕУ и НАТО), што ќе биде само една причина повеќе за руската агресивна политика да продолжи и да се прошири на други делови од европското тло. Едноставно, Кремљ нема да се задоволи само со „замрзнување на конфликтот“ во Украина.

Рускиот диктатор Путин е свесен дека европската завеса исткаена од корупција, нерешителност и разединетост во еден момент ќе падне. Затоа, тој продолжува да ја спроведува доктрината чија основна цел е да го дестабилизира Западот. Тој забрзано работи на поддршка на ултрадесничарски и неонацистички политички партии и групи, со цел да ја уништи демократијата. Неговиот план е да врати барем дел од „империјалната слава“ на Русија или, ако сакате, Советскиот Сојуз – кога руската чизма газеше голем дел од Европа. Унгарскиот авторитарен лидер, Виктор Орбан „заборавил“ на бруталната агресија на СССР врз неговата земја во 1956 година и на Чехословачка во 1968 година, како што потсети претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен во жестокиот говор во Европскиот парламент (9 октомври 2024).

Одамна стана јасно како Кремљ ја користи хибридната војна за да ја дестабилизира Европа. Растојанието од хибридна војна до целосна агресија станува сè пократко. Европа е исправена пред историски предизвик. Дали демократските сили, институциите и државите се подготвени за одговор?

Иако во европската јавност тоа не е многу видливо, факт е дека дел од Европа веќе се подготвува за можен воен напад од Русија. Бавно, но сигурно, војната со Русија станува сѐ поверојатна. За тоа говорат повеќе факти и аргументи, почнувајќи од руската воинствена реторика што се интензивира по почетокот на целосната воена агресија против Украина во 2022 година, односно кога стана јасно дека Западот овој пат нема да ја остави Украина сосема на цедило.

Официјален Кремљ постојано говори дека Русија не е во војна само со Украина, туку со „колективниот Запад“. Тоа не е само уште еден евтин пропаганден наратив со кој Путиновата диктаторска клика се труди да го оправда срамниот неуспех на тридневната „специјална воена операција“ што се претвори во исцрпувачка и брутална војна против Украина. Тоа е војна во која руската воена машинерија – светска супер сила (!?) – го извлекува подебелиот крај уште од почетокот на војната кога украинското тло го бранеше буквално rag-tag армија и неискусни доброволци.

Наративот за „војна против колективниот Запад“ е отворено признание и воедно закана со воена агресија против (дел) од европските држави. Руските пропагандисти редовно повикуваат да се нападнат главните градови на најголемите држави во Европа, Лондон, Берлин, Париз и други. И самиот руски државен врв повеќе пати му се закани на Западот, меѓу другото и со нуклеарно оружје. Интензивна е руската воинствена реторика и конкретните закани против Полска, прибалтичките држави, Скандинавија и други држави во Европа.

На руската листа од „непријателски“ држави се 47 држави и територии, според извештајот на руски ТАСС од 20 септември 2024.

Европската Унија е на руската листа од „непријателски држави“ со исклучок на Унгарија и Словачка, каде што владеат политички структури на чело со проруски автократи. Меѓу членките на НАТО што не се на листата е и Турција. Меѓу „непријателските држави“ се и сите држави на Балканскиот Полуостров, со исклучок на Србија, што е сосема очекувано.

Непобитен е фактот дека Европа е бојно поле на континуирани и комплексни операции и хибридни тактики што ги спроведуваат непријателите на демократијата – многу подолго отколку што тоа политичките елити сакаа да признаат.

„Неутралците“ и приврзаниците на Чомски би рекле дека руската агресорска политика е одговор против западниот „империјализам и воен интервенционизам“ и слично, но тоа е, во најмала рака, релативизирање и whataboutism. Во меѓувреме – додека Европа се занимава со демократска дебата, а уште повеќе со себе – Русија и нејзините отворени и премолчани (притаени) партнери и агилни прокси играчи решително ги спроведуваат своите пропагандни, разузнавачки, субверзивни, економски, и хибридни операции.

Времето на дипломатски флоскули е (речиси) минато. Работите така стојат и, ако воопшто има место за дискусија, треба да тргне од таа точка (на вриење).

Во контекст на европскиот политички дремеж, мора уште еднаш да се нагласи долготрајноста и подмолниот карактер на руските хибридни операции. Руската хибридна агресија на европско тло се одвиваше и сѐ уште се одвива преку добро разработени мрежи кои вешто и ефикасно ги користат демократските стандарди и (да!) европските јавни пари – во своја корист. Тие со децении се вгнездуваат во демократските системи и го менуваат однесувањето на луѓето, најчесто користејќи ги токму јавните пари на даночните обврзници во демократските општества на Западот. Но тоа за Кремљ никогаш не било доволно.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани. ЦивилМедиа

Next Post

Фајненшел Тајмс: Објавен планот на Трамп за ставање крај на војната во Украина

Shortcut

Најново

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk