ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Наместо мост меѓу граѓаните – Законот за јазиците тема за политички прекупувања. Пред Уставен се очекува во декeмври

October 30, 2024 12:43
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд сè уште нема закажано седница за иницијативата за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Извори до Уставниот суд за „Фронтлајн“ информираат дека можноста оваа иницијатива да се најде пред Уставниот суд во декември. (од 11 до 15 декември).

Лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети од Дебар, изјави дека етничката припадност, јазикот, знамето, националните права и Европа се неприкосновени.

-Не оддалечуваат од Европа, рушат стратешки пријателства, ја поткопуваат еднаквоста постигната со толку труд. Етничката припадност, јазикот, знамето, националните права и европската перспектива се неприкосновени! – вели Ахмети.

Поранешниот американски дипломат Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, го коментираше писмото што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го испрати до регионалните и меѓународните лидери. Меѓу другото, тој зборува и за законот за употреба на јазиците.

– Немам дилема за јазичното прашање. Охридскиот договор е јасен по оваа тема. Потребно е секој јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението да биде коофицијален со македонскиот. Не гледам како можете да ја доведете во прашање оваа обврска без да создадете повеќе проблеми отколку што веќе има Северна Македонија. Ова беше важен дел од мировниот договор од 2001 година, важно е да се зачува, пишува Сервер.

До уставниот суд се поднесени се 13 иницијативи за оцена на уставноста на целиот Закон за употреба на јазиците, како и за делови од законот. Иницијативите доаѓа од политички партии (ЛЕВИЦА и една од ВМРО ДПМНЕ додека беше во опозиција), граѓанскиот сектор и универзитетски професори се повикуваат на препораките на Венецијанската комисија за спроведување на Законот за употреба на јазиците.

Според подносителите на иницијативите Законот е неуставен бидејќи, според нив, предвидува Албанскиот јазик да биде втор службен јазик во сите институции на централната власт. Во член 2 од законот се нагласува дека државните и локалните органи се должни во сите постапки да комуницираат покрај на македонски, и на албански јазик.

– Во институциите на државната власт во Република Северна Македонија, од членот 1 став (3) на овој закон, службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото писмо, е и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓани на Република Северна Македонија и неговото писмо во: комуникација, употреба и спроведување во сите постапки на граѓаните пред сите органи кои ја сочинуваат државната власт…, се наведува во член 2 став 3 од Законот за употребата на јазиците.

„Во судски, управни, извршни постапки, постапки за извршување санкции, предистражни и истражни постапки, кривични и прекршочни постапки, спорни и вонпарнични постапки, како и други постапки пред судови, јавни обвинителства, како и сите се применуваат органи, тела и институции, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот и неговото писмо што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“ – се наведува во член 9 од Законот.

Спорен и неприменет е членот 8, во кој, меѓу другото, се предвидува и употреба на Албанскиот јазик на банкноти и униформите на полицијата и армијата.

„Банкнотите и монетите, како и поштенските марки, ќе содржат симболи кои го претставуваат културното наследство на граѓаните кои го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилично писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо. Униформи на полиција, пожарникари, здравство; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилчно писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните. во Република Северна Македонија и нејзиното писмо, се наведува во член 8 став 1 и 3.

Дестан Јонузи

 

Tags: Албански јазикАли АхметиДаниел СерверЗакон за употреба на јазицитеУставен суд
Next Post

Ќерката на поранешниот претседател на САД, републиканецот Џорџ Буш, ја поддржа Камала Харис

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk