ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Невладини бараат убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид

November 3, 2024 16:14
in ДЕНЕС, ПРАВДА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Убиството на 29-годишната Емилија Пешева е фемицид. Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство се согласни дека убиството на Пешева треба да се квалификува како фемицид.  Жртвата  претходно пријавила насилство, но постапката против Ф.З кој го изврши убиството врз неа ја има запрено на 2 септември потврдија и од Центарот за социјални работи во Штип. Образложението и било дека предупредувањето од полицијата имало влијание врз неговото однесување, но и дека ќе ја заштитат родителите.  Бети Пеева од Невладината „ЕХО“ од Штип за МИА вели дека подолг временски период бараат законски измени, со цел кривичното гонење против насилнокот да оди по службена должност.

-Ние имаме кривично гонење по предлог на жртвата, а голем дел од нив ги повлекуваат своите пријави до Полицијата и може да се случи дури и кога ќе биде покреното и кривично гонење може странката во меѓувреме да ја повлече таа пријава и тогаш институциите остануваат токму со врзани раце и не можат да преземат ништо во таа смисла. Поради тоа често се случува самите насилници да добијат уште поголема сила и моќ да продолжат понатаму со насилството, вели Пеева.

Посочува дека во пракса се случува многу често и какошто вели еве за жал какошто е завчерашниот фемицид во Штип на ваков начин и ескалираат.

Психологот, Стојне Митева од струмичкото Здружение „Скај плус“ кое раководи со шелтер центар вели дека во изминатиот период имаат згрижено голем број на жртви на семејно насилство од Штип и тоа какошто вели меѓу кои и тешки форми на насилство.

-Сметам дека овде треба да го кренеме алармот, да се зголеми координацијата меѓу институциите и многу внимателно  да се следат насилниците. Бидејќи праксата покажува дека, честопати насилството, прераснува во убиство за жал. Убиството на жени е фемицид и важно е така да се квалификува, бидејќи оваа и многу други жени се убиени само затоа што се жени, вели Митева.

Таа посочува дека во шелтер центарот во Струмица во текот на годинава се згрижени околу 30 жртви на семејно насилство, заедно со нивните деца. Во Штип завчера беше убиена Пешева од нејзиниот поранешен партнер, кој претходно има и извршено насилство. На сторителот на делото му е одредена мерка притвор од 30 дена. Инаку казните за сторено кривично дело фемицид се движат од 10 години до доживотен затвор.

Tags: ПешеваубиствоФемицид
Next Post

Мајка пријавила обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка во парк во Скопје

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

June 8, 2026

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk