ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home УМЕТНОСТ ПОЕЗИЈА

Што оставив зад себе

November 9, 2024 12:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЕЗИЈА, УМЕТНОСТ
Share on FacebookShare on Twitter

Тина Иванова, музиколог, продуцентка, писателка – секоја сабота со нејзини стихови на Фронтлајн.

ШТО ОСТАВИВ ЗАД СЕБЕ

Што оставив зад себе?

Ја прашав ноќта во овој жежок август кој ми го дуеше телото. Беше тешко, како за умирачка.

Но, ако умрам сега, со ова мое вакво тело полно со неизбришани спомени кои тежат колку една неизгорена планина, ќе биде ли мачно да ме закопаат?

Ќе почекам.

Но, толку бев блиску до смртта, што дури и цигарата не можев да ја испушам до крај.

Па, што оставив зад себе, о ти тмурна и безнадежна темнино? Ќе ми дадеш ли одговор?

Наеднаш слушнав песна од Пети Смит. Долу под мене живее еден самец. Често седи на терасата. На масата имаше лаптоп, од кој тивко одекнуваше „Фредерик“.

Се запрашав, ако сега умрам, дали пак некаде, некогаш ќе ја слушам „Фредерик“ која ќе ме потсетува на еден друг август кога смрзнатиот сок од боровинки беше најубавиот пијалок на светот?

Мојот, нашиот нектар!

И така, полека, телото почна да ми слабее. Надуеноста исчезнуваше со секој вратен спомен.

Што оставив зад себе?

Трага од моето стапало. Уште еден горчлив август. Новата улица во Скопје, некаде во Центар, веќе беше скоро готова, а јас гордо зачекорив по врелиот асфалт, како на црвен килим на доделување на „Оскар“.

Во август во 1986 чинам, пишував дневник. Тоа мало десетгодишно девојче успеа на околу дваесетина страници да создаде роман за безнадежноста на едно семејство. Стравот од негово разоткривање, ме однесе во паркот спроти зелените згради во „Аеродром“.

Таму е закопан тефтерот кој, ако некој некогаш го пронајде, ќе прочита: „Љубовта беше толку силна, што мораше да исчезне. Овој свет, овој живот, не се створени за такво сакање помеѓу еден маж и една жена“.

Летото беше веќе на својот крај, некаде 1995, кога на Факултетот за музичка уметност се шмугнавме скришум да стивнеме, под сенка. Купатилата беа намачкани во мрсна, жолта боја, а во часовите на бесконечна здодевност, напишав куса песна над лавабото.

Црниот фломастер беше скоро блед, но неколку зборови останаа силно испишани врз жолтата боја: „Живот ли е ова, без музика? Есента секако мора да пристигне“.

Ме смирува боење на стари предмети. Август е посебен месец за тоа.

Се уште се гледа под гребнатините на моето омилено бело столче, розевата „барби“ боја којашто ја мачкав тоа лето, заедно со солзите што капеа врз него. Тие беа мојот разредувач.

Како би било, о ти тмурна и безнадежна темнино, тебе те прашувам, кога предметите би знаеле да зборуваат?

Тоа столче, ќе ни раскажеше уште една „Ана Каренина“, и можеби ќе знаеше овојпат, каде ќе замине љубовта откако ние ќе умреме.

Што оставив зад себе?

Мојата страст од која гореа клавишите на старото, дрвено пијано. Соседот, пијанист-гениј, ми довикна под отворениот прозорец, тој август кога се подготвував за испит: „Не е Еф таму, туку е Фис!“

Погрешната нота од Шопеновата балада во неговите уши се уште одекнува како стравичен приказ на несовршеноста.

А, мојата несигурност во тој момент, засекогаш се врежа во една црна дирка. Сега, некој друг ја чувствува, со секое свирење на тој проклет Фис!!

Мојата прва песна, мојата хаику, на посветата на „Мајсторот и Маргарита“. Роденден, а јас неподготвена.

„А, посвета?“

„Ах, да, заборавив, веднаш.“

Пенкалото беше како кукла марионета. Во еден здив, во два стиха, сета романтика збрана. Пенкалото се расипа, а книгата е одамна замината во нечии туѓи мисли.

Се погледнав во огледало. Мускулите на нозете ми атрофирале. Или дехидрирав. Можам ли сега да умрам?

О, ти, тмурна и безнадежна темнино, ќе можат ли ваква да ме закопаат?

Но, уште една надеж остана. Морав да се напијам вода. Да голтам ли, темнино? Полека, велиш, голтка по голтка? Водата од чешма беше топла, неистечена.

Тоа што го оставив, ги има моите очи. Едното обликот, другото бојата. Мојата лутина, кај едното е помека, кај другото поостра. Мојата насмевка, кај едното е гласна, кај другото е срамежлива, скришна. Моето достоинство, кај двете еднакво силно.

Ја пиев водата онолку колку што ме држеше силата. Коцките лед заборавени во фрижидерот, ги грицкав како да се последни. Полека почнаа и предметите во домот јасно да ми се гледаат. Сликите ги менуваа боите, троседот се премести на другата страна од дневната, а чиниите почнаа да ѕвецкаат во ритамот на „Фредерик“.

Силниот звук на ѕвончето на вратата ме стресе како прва голтка од лимонада: „Мама!“

#poetryisnotdead

„Поезијата е поблиску до вистината, отколку историјата, рекол Платон.

Пишувам поезија и проза за да ја разберам осаменоста. За да ја засилам љубовта и полесно да се доближам до смртта. И, за да ги уништам злобата и лицемерието што се случуваат пред моите очи.” – Тина Иванова.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Не е дозволено преземање без писмена дозвола од редакцијата.
Tags: поезијаТина Иванова
Next Post
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Исчекувањето на она што ќе дојде не е повеќе надеж, туку страв

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk