ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Стано: Борел предлага прекин на политичкиот дијалог во рамки на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел

November 14, 2024 13:42
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел в понеделник на заседанието на Советот за надворешни работи (ГАК) ќе побара од шефовите на дипломатиите на земјите членки да го искажат своето мислење за неговиот предлог за прекин на политичкиот дијалог меѓу Унијата и Израел во рамки на Договорот за асоцијација, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

Стано потсети дека Борел на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Европската Унија минатиот месец во Луксембург, најави дека за време на претстојното заседание на ГАК ќе иницира разговор за тоа како членките на ЕУ гледаат на израелската операција во Газа и дали при тоа Израел ги крши човековите права и меѓународното хуманитарно право.

– Како и што веќе најави минатиот месец, тој ќе побара од министрите на земјите членки да ја разгледаат можноста за понатамошни дејствија, одлуки или мерки од страна на ЕУ врз основа на советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата и усвоените резолуции на Генералното собрание на ОН и да разгледаат дали Израел ги прекршил човековите права и дали го почитува меѓународното хуманитарно право согласно членот 2 од Договорот за асоцијација (на ЕУ) со Израел, изјави Стано.

Тој појасни дека предлогот на Борел „ќе биде ставен на маса“ пред министрите и тие на крајот ќе одлучуваат по него, потсетувајќи дека Договорот за асоцијација е институционална политичка рамка што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел.

– За какви и да било одлуки во однос на политичкиот дел од овој Договор потребен е консензус на сите земји членки, така што високиот претставник во оваа фаза достави предлог до министрите за дискусија за можноста за суспендирање на политичкиот дијалог. Останува на министрите во текот на дискусијата да видат дали се согласуваат со тоа или не, додаде Стано.

Портпаролот на ЕК нагласи дека предлогот на Борел не значи прекин на политичките разговори со Израел, туку на политичкиот дијалог, кој е дел од Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел со јасно дефинирани цели и задачи.

Според Стано, досега во неколку наврати и некои земји членки на ЕУ го покренале прашањето за тоа дали Израел го крши меѓународното хуманитарно право, па министрите ќе треба врз основа на достапните индикации и докази да проценат дали тоа навистина е случај и да се изјаснат дали се согласуваат со предлогот на Борел за прекин на политичкиот дијалог во рамки на Договорат за асоцијација.

Tags: БорелЕУизраелСтано
Next Post

Зголемена поддршка за конзервативците во Германија пред предвремените избори

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk