ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реформи или партизација на судството?!

December 4, 2024 12:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По оставката на Весна Дамева од функцијата прв човек на Судскиот совет, опозицијата и власта ги засилија меѓусебните обвинувања.

Оставката на обвинителката Дамева следи по јавните напади и обвинувања од премиерот Христијан Мицкоски и од пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Како што рече Дамева на прес-конференција, оставката ја донела за да го заштити својот углед, но и фамилијата.

Во образложението, покрај другото, таа наведе дека причините се „немањето слух кај извршната и законодавната власт да се обезбеди брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери од власта“.

-Кога нема слух за подобрување на состојбата во судството и истото е опструирано од власта и на разно разни начин и претседателот на Владата и политичарите од владејачката гарнитура, од собраниска говорница или преку прес службата изразуваат негативен став спрема Судскиот совет, спрема членови во Советот, но најпоразително од се е што изразуваат негативен став кон судиите, од кои поголемиот број навистина не го заслужуваат тоа, сметам дека единствено што ми останува е да го заштитам мојот личен интегритет и мирот и спокојството и мое и на моето семејство, поради што поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија, изјави Дамевска.

Социјалдемократите тврдат дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат тенденција да развијат партизација на главните институции во државата и преку реформи бараат правосудниот систем да се стави под контрола и да се користи како алатка за партиски цели.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска истакна дека „заканите кон судиите и обвинителите сериозно ја загрозуваат независноста на правосудниот систем“.

– Заканите кон судиите и обвинителите сериозно ја загрозуваат независноста на правосудниот систем и тоа има долгорочни последици и за правниот систем и за демократијата. СДСМ стои зад потребата од реформи во правосудството со вклучување на странски експерти и меѓународен мониторинг. Овие реформи треба да се водат по европски стандарди, а не од партиските агенди на Владата, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека мотото на СДСМ „Без правда нема мир“ го доведе судскиот систем до тотален колапс и нула доверба.

– Надежта за правда, на која се фокусираше СДСМ, заврши неславно со поставување на избрани обвинители и судии во Струмица и Зајас, кои не постапуваат по кривични пријави. Од навивањето на Зоран Заев дека ќе ја донесе правдата во Македонија, остана само клиентелизмот на избраните судии во Струмица и Зајас, кои ги опструираат предметите и не постапуваат. Љупчо Коцевски 6 месеци нема поднесено никаква пријава. Љупчо Коцевски е целосно одговорен за непостапувањето и неуспехот на обвинителите под него, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали неотповикливата оставка на поранешниот прв човек на Судскиот совет и се поострите критики на владејачката ВМРО-ДПМНЕ кон државниот јавен обвинител, може да донесе негативни поени за државата, портпаролката на Владата, Марија Митева, рече дека создадената ситуација не претставува притисок врз судиите и обвинителите.

– Негативните поени што ги имавме како држава доаѓаа од немањето правда воопшто и големиот број скандали што се случија. Не ги сметаме за притисок информациите дека ќе имаме навистина моќна борба против состојбите на полето на правдата, потенцираше портпаролката на Владата, Марија Митева.

Митева го повтори ставот на Владата дека „оставката на Дамева беше најсоодветното нешто што можеше да се случи по сите скандали што се случија“.

Опозицијата, обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски наместо да спроведува реформи сака да го стави правосудниот систем под нивна контрола и да го користи како алатка за партиски цели.

– Притисокот врз Судскиот совет е дел од широка стратегија на Мицкоски и ДПМНЕ за целосна партизација на институциите и повторно заробување на судството. Процес којшто е дури и побрутален од времето на режимот на Никола Груевски, обвинува опозицијата.

Дестан Јонузи

Tags: Весна ДамеваВладаВМРО-ДПМНЕправосудни реформиСДСМ
Next Post

Авиолинија од Скопје до Париз со „Изиџет“ следната година

НАЈНОВО

Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025

Филков до Тренчевска од СДСМ: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk