ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со МЕДИА ДИАЛОГ / Y4M ( Северна Рајна Вестфалија, Германија), вчера (12 декември 2024 год.) во Скопје одржаа меѓународна конференција на тема „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“.
Конференцијата се одвиваше во четири сесии, во кои учествуваа над 25 учесници од Северна Македонија, регионот, Европа и САД, а како дел од настанот беа поставени изложба и штандови со изданија на ЦИВИЛ, кој оваа година одбележува 25 ГОДИНИ од основањето.
Овој голем настан е поддржан од Државната влада на Северна Рајна-Вестфалија (NRW) и е дел Настанот од Неделата за човекови права на NRW, која вклучува различни формати на оваа тема.
Конференцијата со свои обраќања ја отворија Натаниел Лимински, Министер за федерални, европски и меѓународни работи и медиуми на Северна Рајна-Вестфалија, Н. E. Петра Дрекслер, Амбасадорка на Сојузна Република Германија и Н.Е. Вилма Дамбраускиен, Амбасадорка на Литванија.
Министерот за федерални, европски и меѓународни работи на Северна Рајна Вестфалија, Натанаел Лимински, во својот говор посочи на партнерството помеѓу Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија постои веќе три години.
„ Целта е да се воспостават и зајакнат блиските односи помеѓу владите, но особено помеѓу луѓето во нашите земји .
На овој настан, лица кои страдале, жртви, активисти, научници, како и политичарите и новинари го искажуваат своето мислење. На денешната конференција во Скопје, со помош на извонредните организатори, вие во Северна Македонија давате особен придонес кон Неделата на човекови права и пошироко. Јас лично сум многу среќен поради тоа.“, порача Лимински.
Н. E. Петра Дрекслер, Амбасадорката на Сојузна Република Германија, во своето обраќање на отворањето на меѓународната конференција на ЦИВИЛ-Центар за Слобода во соработка со Медиа ДИАЛОГ/ Y4M „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, изјави дека бранењето на демократијата и човековите права е клучен принцип и морална и правна обврска не само на ЕУ туку и на другите земји.
А, слободата на печатот е услов и барометар за почитта на човековите права, истовремено е и столб на демократијата.
„Ние сме сведоци на создавање автократски коалиции кои ги поткопуваат демократсите системи и вредности. Оваа дискусија е актуелна и овде во Северна Македонија, земја на патот кон интеграција во ЕУ, која не е туѓа на надворешните притисоци и предизвиците за одржување на суверенитетот и демократските вредности.
Разбирањето на стратегиите и моделите за мешање што ги користат авторитарните сили може да и помогне на Северна Македонија и нејзините институции да ја зајакнат отпорноста и да ги заштитат демократските основи суштински за членството во Европската унија и регионалната стабилност.“, порача меѓу другото Н.Е. Вилма Дамбраускиене, Амбасадорка на Литванија.
Со свое обраќање, претседателот на Медиа Диалог/ Y4M, д-р Волфганг Ресман го направи воведот во меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“.
Д-р Ресман во својот вовед истакна дека демократијата значи дека треба да се соработува и да се развиваат дискусии за сите проблеми. Демократија значи работа без цензура и целосна вклученост на сите.
„Демократијата значи доверба во правдата, политиката, политичарите и изборниот процес, но и што се случува во правосудството. Процесот на враќање на довербата е најважно, значи да се работи на меѓународен план, да се донесат млади луѓе да се спојат со новинари, предавачи, експерти и да се дискутира и да се претстави на јавноста каде се грешките во општеството и демократскиот систем“, истакна д-р Ресман.
Панел 1 – Демократијата под опсада
Првиот панел од конференцијата се одржа на темата „Демократијата под опсада“, а учесници беа Кристијане Ајлдерс, универзитетска професорка, Универзитет Хајнрих Хајне, Дизелдорф, Германија, Сашо Орданоски, новинар, Северна Македонија, Волфганг Ресман, Претседател, Медиа дијалог/Y4M, Германија и Хедер Роберсон Гастон, експертка за човекови права, САД.
Д-р Сашо Орданоски во своето обраќање се осврна на тоа дека демократијата е во криза и не можат поединци да ја одбранат.
„Имаме уште долг пат пред нас. Новинарството не е за вистината туку е за фактите и релевантниот контекст“, порача Орданоски меѓу другото.
Тој нагласи дека нас ни треба системско решение за борба со дезинформациите, не систем на „големиот брат“ но, систем кој ќе биде функционален.
Проф. д-р Кристијане Ајлдерс во своето обраќање на панелот се фокусираше на улогата на медиумите во поларизацијата.
„Тука станува збор за емоции, омраза и слично, меѓутоа, фокусот е сосема поинаков. Мислам дека војните и конфликтите се многу важни теми за оваа конференција затоа што тие многу лесно можат да ги нарушат демократските процеси.
Конфликтите можат да ги поделат општествата на некои што ќе бидат поддржувачи, и ќе бидат противници на Украина Израел и слично… Но, треба да се земат предвид и конфликтите во домашната политика.“, посочи Ајлдерс.
Експертката за човекови права, Хедер Роберсон Гастон на вели дека постојат сличности, речиси е исто со САД.
Има многу силно чувство во Македонија, секако имаме проблем со расизмот поради економската ситуација, тековната војна во Украина, поларизацијата, дезинформациите, изгледа дека се распаѓаат работите , најчесто се случува, иако е глобален феномен, но луѓето имаат чувство дека е локално, не глобално, тешко да се задржи власта во такви услови, луѓето ќе сакаат да ја сменат власта, и во Северна Македонија како и во САД, да се проба друга опција.
Панел 2: Подемот на крајно десничарскиот национализам
На вториот панел од конференцијата, насловен учесниците ги споделија своите ставови за на напливот на крајно десничарските движења и нивното влијание врз демократијата и општествената кохезија и дадоа свои препораки за тоа што можат да направат медиумите и граѓанското општество.
Говорници на панелот беа Роџер Касале, Генерален секретар, Нов европски граѓански форум, Италија, Ксенија Халубович, новинарка, Германско-француска награда за новинари 2021, Белорусија (во егзил), Мика Бојстер, Претседател, Германска унија на новинари, Германија, Александар Спасов, универзитетски професор, Северна Македонија, Адмир Лисица, истражувач, БиХ и Бојан Маричиќ, активист на граѓанското општество, поранешен вицепремиер за европски работи и поранешен министер за правда, Северна Македонија.
Д-р Александар Спасов посочи дека национализмот веќе се брендира, има општ пораст на десничарски екстремизам.
„Десничарскиот национализам се развива. Крајната десница е тука и засекогаш ќе мора да живееме со тоа и да се бориме да не дојдат на власт, како во Русија… Предолго време збориме за десничарскиот национализам, но не правиме ништо да се сузбие
Тешко ми е да сфатам како умните луѓе, активистите, социлајдемократите не направија ништо за спречување на десничарскиот екстремизам. Во сите земји во Западен Балкан и Северна Македонија политичкиот екстремизам е во пораст“, “, вели Спасов.
Новинарката Ксенија Халубович во своето излагање во емотивно обраќање се осврна на состојбата во Белорусија, каде има притворени новинари – тоа е сива зона во Европа, режимот на Лукашенко има голема помош од режимот на Путин, им оневозможува на луѓето слободна да се изразуваат, затворени се само за еден коментар на Фејсбук, 1,5 милион луѓе ја напуштија земјата, илјадници не можат да се вратат.
Повеќето новинари избегаа и работат во егзил, само тие може да го пренесат гласот на своите луѓе кои живеат во сивата зона.
„Вчера добив ужасна вест дека една жена се самоубила поради политичката репресија во Белорусија“, вели Халубович.
Поранешниот вицепремиер за ЕУ интеграции, Бојан Маричиќ во своето обраќање на панелот „Подемот на крајно десничарскиот национализам“ вели дека национализмот не е нешто ново во Западен Балкан.
Маричиќ потенцира дека кога наративот за европска перспектива не функционира тогаш настапува десничарскиот наратив. Тој додава дека во овој момент во Украина, Грузија и Молдавија, се води политичката битка која станува битка на општеството.
„Нема да го решиме предизвикот ако не дојдеме до коренот на проблемот. Десничарската политика се крепи од емоцијата на луѓето.
„Кај нас десничарите ги придобија граѓаните кои имаат неразрешени емоции, кои сметаат дека се изиграни од ЕУ и од Владата, посочи Маричиќ.
Претседателот на германскиот сојуз на новинари, Мика Бојстер во говорот на панелот „Подемот на крајно десничарскиот национализам“ посочи дека за десничарските партии во Германија обично кога се известува за нив се известува само со зборовите „па тоа е тоа што тие го прават“ и прифатено е како нешто нормално што го прават.
Ние во Германија известуваме за десничарскиот национализам и екстремизам и користиме платформи како Фејсбук, x, сите оние платформи каде имаме контрола содржината да допре до пошироката публика. Имаме неколку закони за онлајн медиумите но регулативите не се толку јаки, вели Бојстер.
Експертот-истражувач за регионални политички односи од Босна и Херцеговина, Адмир Лисица во своето излагање посочи дека сегашната состојба на Европа е опасна за БиХ со подемот на национализмот.
„Русија го поддржува подемот на крајно десничарското движење и овие политики имаат поддршка во цела Европа. Одраз на десничарскиот национализам во Европа е Унгарија. По доаѓањето на Трамп за претседател во САД имаше луѓе по улиците во БиХ што ја славеа победата“, истакна Лисица.
Мислам дека големиот национализмот, поради геноцидот во БиХ, имавме и имаме проблеми во БиХ. Она што го истакнуваме дека ќе продолжи да расне десничарскиот национализам во Европа. Ние немаме поддршка од ЕУ во овој период и затоа ни треба цврста одлука од ЕУ која ќе каже добро БиХ, Црна Гора и Северна Македонија сакаат да се придружат – ние ќе ги поддржиме, порача Лисица.
Роџер Касале од Нов Европски народен форум- Италија, се осврна на десничарскиот начин на политичко оперирање низ Европа.
„Сакам Северна Македонија да биде поблиску до ЕУ, и затоа ми е драго што ме поканивте да учествувам во разговорите. Национализмот и авторитаризмот одат рамо под рамо и водат кон војни, треба да размислиме околу тоа. Како Европеец, знам дека Европа е мировен проект, го памтат падот на Ѕидот на Берлин, и не е наивно да се верува дека се можни големи промени.
Мислам дека првата лекција би била – кога ќе ги погледнете сите популисти, не смееме да имаме заблуди. Сметам дека десничарите сакаат да поларизираат, и на тој начин доаѓаат на власт. И кога ќе дојдат на власт, таму имам многу пари за нив“, посочи меѓу другото во своето обраќање Касале.
Панел 3 – Спротивставување на авторитаризмот
Говорниците на панелот под наслов „Спротивставување на авторитаризмот“ дискутираа за различни стратегии и најдобри практики за отпор на авторитарните тенденции и зајакнување на демократското владеење. Посебен фокус во рамките на овој панел e ставен на медиумската писменост како еден од начините за спротивставување на малигните операции на влијание и анти-демократските трендови во нашите општества.
Учесници на третиот панел од конференцијата беа Гудрун Штајнакер, потпретседателка на Асоцијацијата на Југоисточна Европа, Германија, Ерван Фуере, виш истражувач, Центар за европски политички студии, Белгија, Катерина Павлова, експертка за дезинформации и пропаганда, Украина/Германија, Константинас Андријаускас, универзитетски професор, Литванија и Срѓан Цвијиќ, Претседател на Советодавниот комитет на Белградскиот центар за безбедносни политики, Србија.
Авторитаризмот е закана која треба многу сериозно да ја сфатиме, во ова многу тешко време… Избор на секој човек или група, е да одговорат на овие проблеми, но, политичарите, бизнис елитите и интелектуалците, треба да играат водечка улога во овој одговор, во согласност со своите одговорности.
Но често се случува сосема спротивното- интелектуалните елити ги злоупотребуваат своите влијанија, за повеќе да ги заплашат граѓаните, го гледаат својот интерес, и се решаваат за авторитарни решенија што е хипокризија во меѓународната политика.
Решенијата за овие прашања можат да ги најдат слободни луѓе, во слободни општества, слободен разговор и слободни медиуми“, посочи Гудрун Штајнакер, потпретседателка на Асоцијацијата на Југоисточна Европа и поранешна амбасадорка на Германија.
Експертката за дезинформации и пропаганда, Катерина Павлова, вели дека каде и да оди ќе ја претставува Украина, иако доаѓа како претставник на организација од Германија.
„Каде и да одам, иако не сум на фронтот во Украина, носам војнички кондури“, вели таа.
Павлова вели дека медиумската писменост делува само на информациите, дезинформациите делуваат поинаку – на емоциите.
„Ако Трамп каже дека мигрантите во САД ќе им ги јадат мачките и кучињата, луѓето знаат дека не е така, ама решаваат да му веруваат“, додава таа.
Д-р Константинас Андријаускас од Универзитетот Вилнус посочи дека ние веќе со децении се соочуваме голем број проблеми и претходни конфликти.
„Во 2014 во јули бев во Сибир, Русија и прехтодно доста често минував време таму, речиси секој летен одмор додека бев дете. Имавме таму прослава за мојот роденден и едно утро се разбудивме вклучивме телевизија и видовме вести за соборување украински воен авион и моите пирјатели многу добро ја разбираа мојата политичка историја и тие не кажаа „ние пак соборивме ваш авион“.
Навистина во тој период русите соборија авиони со украински војници. Само неколку часа подоцна наративот во медиумите се смени значајно и моите пријатели кои се смееја и правеа шеги сега одеднаш, озбилни, кажуваат дека соборените авиони се со војници кои претходно собориле руски авион, сакав да им кажам како можат да се глупави и да веруваат во такви работи. Така функционираат авторитативните земји.“
Ерван Фуере, виш истражувач, Центар за европски политички студии во Белгија, посочи дека нема сомнение дека ЕУ многу попушташе, не ги заштитуваше човековите права и демократијата, касно видовме отпор, многу требаше ЕК да ја суспендира партијата на Орбан.
Кога зборуваме за кандидати, знаеме дека народната партија го заштитува поранешниот премиер на Северна Македонија кој е обвинет за корупција. Гледаме негативности, да не продолжи да се случуваат негативности на проширувањето и успехот на преговорите. ЕУ треба да се ангажира за сите земји да го почитуваат владеењето на правото.
Многу време и требаше на ЕУ да преземе мерки против земји членки кои не го почитуваат владеењето на правото, поради тоа Виктор Орбан се обиде со се што е во негова моќ да дотурка што подалеку пред комисијата да преземе нешто. Орбан се обиде да ги поткопа и покажа колку не ги почитува институциите на ЕУ.
Срѓан Цвијиќ од Меѓународниот советодавен комитет на белградскиот центар за безбедносна политика, на панелот „Спротивставување на авторитаризмот“ се осврна на медиумското влијание во креирањето на јавното мислење под влијание на српската власт.
„10 години немаме слободни медиуми. Речиси сите се контролирани од власта. Од август оваа година имаме сериозно загрозување на слободата на здружување. Важно е како гледаме на ваквите хибридни режими. Тие се процеси кои што водат кон целосен авторитаризам. Не треба Русија да се обвини како Србите размислуваат за светот, регионот, за својата земја. Нивните мислења се обликувани од медиумската машинерија на српската власт“, истакна Цвијиќ.
Панел 4 – Историјата и иднината на бескомпромисната посветеност на демократијата, човековите права и медиумските слободи
На последниот панел насловен „ Историјата и иднината на бескомпромисната посветеност на демократијата, човековите права и медиумските слободи,“ учесниците ги разгледуваа минатото и иднината на посветеноста на граѓанското општество кон демократијата, човековите права и медиумските слободи. Говорниците во своите излагања потсетија и посочија активности и стратегии за зајакнување на медиумите и граѓанското општество во борбата против дезинформациите и поттикнувањето на демократските вредности. Дополнително, панелот ги претстави партнерските организации и ја прослави 25-годишнината на ЦИВИЛ – Центар за слобода, сеќавајќи се на нејзината историја, влијание и визијата за иднината.
Учесници на панелот беа Едвард Џозеф, експерт за менаџмент на конфликти, универзитетски професор, Универзитет Џон Хопкинс, САД, Петрит Сарачини, медиумски експерт, ИМА, Северна Македонија, Олха Данилјук, новинарка – Украина, Астрит Истрефи, политички и безбедносен аналитичар, Косово и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
Експертот за управување со конфликти, Едвард Џозеф, на четвртиот панел од конференцијата насловен „Историја и иднина на бескомпромисната посветеност на демократијата, човековите права и медиумските слободи“ , посочи дека има одговор на тешкотиите на Балканот.
Според Џозеф, Северна Македонија е заложник на етно националистички проблеми за кои не е виновна, се направи Преспанскиот со кој се поддржува суверенитетот и се заштити јазикот, по што се продолжи кон НАТО. Сега имате вето од Бугарија, која не се придржува до Договорот за пријателство, јасно е дека пречката не е во земјата.
Кое е решението: Не може да имате демократски стабилен Балкан со антидемократска Србија, тоа нема да функционира. Решението е Косово, Србија ја одржува оваа позиција поради искористување на прашањето со Косово. Сето ова немаше да се случи, земјите не напредуваат кон ЕУ поради тоа што Европа е поделена на прашањето за Косово, вели Џозеф.
Олха Данилиук , новинарка во украинската Волина Газета, во своето обраќање посочи дека од местото од каде се приклучува ( Украина) на денешната конференција, никогаш не се знае дали ќе има напој со електрична енергија, и не била сигурна дека ќе може да учествува.
Поради недостаток на финансии, се создаваат новинарски пустини, а тоа значи дека луѓето во одредени региони немаат пристап и не можат да дознаат ниту да сфатат што се случува. Северните делови, кон Белорусија, немаат пристап кон украинските медиуми. Луѓето таму мораат да слушаат белоруска пропаганда…“
Овие пустини го успоруваат демократскиот развој на нашата земја, заклучи Данилиук.
Петрит Сарачини од ИМА посочи дека ни се случуваат добри и лоши работи во регионот и светот. Не можеме да бидеме споредени со Украина таму е многу тешка ситуацијата и можеме да се чувствуваме среќни што имаме вакви проблеми. Проблеми кои луѓето од Северна Македонија ги трпат. И Европа е нападната од екстремен национализам и овие работи го платија данокот врз демократијата.
Ние разбиваме лажни вести проверуваме вистина на вестите, единствена организација сме која со националната станица Алсат правиме 10 минутни видеа кои што разбиваат лаги пласирани во медиумите Единствен пример сме во регионот.
„Да бидеме искрени граѓанските организации и факт- чекерите ја вршат работата но не можат да ги покријат медиумските куќи кои се во мејнстримот“, истакна тој.
Политичкиот и безбедносен аналитичар Астрит Истрефи од Косово во своето обраќање истакна дека за луѓето во Украина е секоја секунда прашање на живот или смрт.
„Украина треба да победи во војната, дека ние ќе и помогнеме и дека Русија треба да падне. Никој не може да каже дека ќе ја поддржиме Русија за да ја запре војната во Украина. Војните во поранешна Југославија не запреа затоа што тоа некој тоа го направил. Ние Босанците и Албанците успеавме да го надминеме“, истакна Истрефи.
Зборуваме за дезинформации и и треба да препознаеме дека Западен Балкан не може да биде обичен бизнис. Кога зборуваме за ЕУ треба да се преземат силни чекори и одлуки за да се случи тоа. Ако ја препознаеме заканата тогаш треба да постапуваме посмело и побрзо. Во меѓувреме губиме една генерација на млади луѓе кои што можат да ја засилат демократијата во нашата земја. Kолку ова трае толку повеќе трае помалку демократија ќе имаме повеќе авторитативни општества, посочи Истрефи.
Претседателот на ЦИВИЛ- Центар за слобода, Џабир Дерала, на панелот „Историја и иднина на демократијата, човековите права и медиумските слободи“, вели дека патот и успехот на ЦИВИЛ не го градел сам туку со целиот тим.
„Има стотина вистини за еден факт. Но, сепак има една вистина, а тоа е дека Русија е агресор, убива во Украина, а Украинците се бранат.
Може да се изманипулираат фактите, да се замолчуваат новинарите, има кибер напади, порано чинеа до 700 евра сега чинат 200 евра. Многу малку се инвестира во пропагандата, лесно е да се шири национализам и да се претворат младите лица во топовско месо како што се навивачките групи.
Ние сме на фронтот на вистината. Ако престанеме да работиме никој нема да ни помогне.
Благодарение на советот на неколкумина, ЦИВИЛ ќе ја зајакне својата работа надвор од границите, не само во Западен Балкан туку и пошироко, посочи Дерала.
Конференцијата се пренесе во живо на три јазици – македонски, албански и англиски.
ЦИВИЛ неодамна ја лансира веб страницата DefendingDemocracy во состав на интернет весникот ЦивилМедиа. Веб страницата се креираше по повод големата меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ што се одржи во Скопје, 11 и 12 декември.
Новата интернет платформа на ЦИВИЛ е на англиски јазик, со линкови до сите содржини на македонски и албански. На располагање е новата рубрика ДЕМОКРАТИЈА (линк) на македонски, односно DEMOKRACI (линк) на албански, специјално посветени на Конференцијата, како и на сите резултати што ќе произлезат од овој значаен меѓународен настан.