ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку седум убиства се расветлени

December 16, 2024 18:21
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сузбиена е 18-члена организирана криминална група, која извршувала убиства, изнуди, а е поврзана и со палењето на автомобилите на вработени во затворската полиција, информираше на денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој изнесе детали за предметот „Беланоца-Барон“, а за кој претходно детално информираше и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Тошковски посочи дека во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 18 члена организирана криминална група, составена од лица од Скопје, кои подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела од областа на сериозен насилен криминал и недозволена трговија со оружје.

-Претреси се извршени кај 24 лица на вкупно 30 локации, од кои 28 на подрајче на Скопје и две на подрачје на Велес. По извршените претреси досега е пронајдено огнено оружје, друга опрема поврзано со истото, панцири и досега се пронајдени некаде околу 30 милиони денари, во различни апоени, кај осмоничените, пет моторни возила се одземени, накит, поголема количина на злато, девет мобилни телефони, пет сим картички, држачи за истите, 12 рачни часовници, ресивери и итн, кои се одземени и ќе бидат предмет на вештачење, изјави Тошковски.

Во тек се претреси, а како што рече Тошковски и ќе продолжат и во наредните денови. Посочи дека на 16 декември поднесена е кривична пријава против 18 лица за сторени повеќе кривични дела, меѓу кои убиство, убиство во обид, кои се извршени во последните две-три години, а меѓу кои познато за јавноста во Шише бар, кое предизвика голема вознемиреност кај македонската јавност, како поднесена е и кривична пријава за изнуда предизвикување на општа опасност и злосторничко здружување.

-Во текот на 2020 година дел од пријавените создале група, која имала за цел вршење на кривични дела убиство. Организаторите на оваа криминална група подготвувале планови и носеле одлуки, за тоа кој, кога, каде и на каков начин ќе биде лишен од живот, а одлуките ги спроведувале лично или преку припадници на криминалната група, кои ги прифаќале и спроведувале, вели Тошковски.

Тој истакна дека во текот на 2021 година пет лица создале и група за извршување на убиства, кои се приклучиле кон оваа група, прифајќи го планот за лишување на лица од други организирани групи, како и на лишување на лица поради одмазда.

Тошковски истакна дека групата била организирана и секое од лицата имало задачи. Во 2023 година од осмоничените лица, или вкупно тројца формирале и група за изнуда, кои на насилен начин, со сериозни закани изнудувале пари од менаџери, сопственици, а дел од криминалната група била задолжена и за опожарување на објекти и автомобили. Секој од нив имал задачи во делот на планирање, упатување на закани, како и на земање на пари, за наводно обезбедување на објекти, меѓу кои и на спортски обложувалници. Оваа криминална група опожарила пет спортски обложувалници и една сендвичара. Оваа група се поврзува и со опожарување на возилата на вработени на затворската полиција. Министерот за внатрешни работи, Тошковски истакна дека со оваа истрага најмалку седум убиства се расветлени, а посочи дека акцијата покажала дека и нечесни полицајци, кои помогнале на еден од осмоничените на 10 минути пред да влезе полицијата во објектот излегол од него. Порача дека заврши времето на криминалот.

Next Post

Тошковски: Откриената ќелија на ИСИС планирала терористички акт на цивилни цели или т.н. меки цели на јавни објекти

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk