ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Јавноста (НЕ)информирана за случувањата во владината коалиција околу процесот за уставните измени

January 9, 2025 12:00
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред изборите, уставните измени беа услов за влез во Владата на партиите на Албанците, но ВРЕДИ влезе во Владата давајќи 6-месечен простор да се постигне ова. И по шест месеци власт ги нема донесено уставни измени, патот кон ЕУ е блокиран.

Откако беше формирана Владата предводена од Христијан Мицкоски, Европскиот фронт (ДУИ) го оспори легитимитетот на ВРЕДИ, бидејќи тие влегоа во Владата иако имаа помалку пратеници од нив. Но, алибито на ВРЕДИ за ова беше дека тие се единствената албанска коалиција, алудирајќи на тоа дека ДУИ во својата коалиција имаше и партии на турската, ромската и бошњачката заедница.

Политичкиот аналитичар Дритон Зенку вели дека јавноста нема многу информации за случувањата во владината коалиција и меѓународниот фактор, околу процесот за уставните измени.

– ВРЕДИ (Влен) постави праг од 6 месеци за уставни измени. Мицковски и власта го артикулираа како неповолен и недоволен период за овој комплициран компромис. Јавноста нема многу информации за случувањата во владината коалиција и меѓународниот фактор, околу процесот за уставните промени. Меѓународниот фактор не го споменува рокот од шест месеци, бидејќи се свесни дека процесот е комплициран. Упатуваат повици, но не поставуваат рокови. Премиерот и ВМРО-ДПМНЕ и да ги правеа уставните измени, ќе бара повеќе време, анализира Зенку за „Фронтлајн“.

Според него, Власта ќе мора да им направи многу услуги на граѓаните, за пакетот уставни измени полесно да помине кај македонскиот електорат.

– Во владата учествуваат и ЗНАМ и уште неколку партии од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Мицковски добро го знае расположението на партиите, затоа процесот изгледа комплициран. Процесот на уставни измени ќе биде претставен како тежок, но незаменлив за преминување на прагот кон развојот и ЕУ. Во прашање се многу фактори, за кои е потребно повеќе време, подвлече тој.

Северна Македонија треба да ги спроведе суштинските реформи поврзани со членството во ЕУ, да одржува добри односи со другите земји опфатени со процесот на проширување, како и да го продолжи својот ангажман во регионалните иницијативи. Ова се наведува во најновиот годишен Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата на европскиот пат.

Покрај потребата од усвојување на уставните измени, во Извештајот се нагласува дека со „добра волја“ треба да се спроведуваат билатералните договори со соседните земји – Договорот од Преспа и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Во извештајот се нагласува дека и покрај обидите, досега не е постигнат напредок во усвојувањето на уставните измени, кои земјата се обврза да ги започне и спроведе, со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, како Бугарите, како што е наведено во Заклучоците на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година.

„По успешното завршување на процесот на скрининг, Северна Македонија треба да продолжи да ги зајакнува своите преговарачки структури со ЕУ и да постигне здрава координација меѓу ресорните министерства и институции, истовремено развивајќи ја експертизата поврзана со правото на ЕУ низ јавната администрација. Потребни се постојани и решителни чекори за да се забрза имплементацијата на реформите во ЕУ и да се придвижи напред во процесот на преговори за пристапување во ЕУ. Меѓупартиската соработка останува од витално значење во овој поглед“, се потенцира во Извештајот.

Осврнувајќи се на односите со Бугарија, ЕК наведува дека „се очекуваат опипливи резултати во имплементирањето на билатералните договори, вклучувајќи го Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија и неговите протоколи“ и дека таа обврска останува важна. „Изминатите месеци односите меѓу двете земји беа негативно погодени од изјавите дадени од индивидуални политичари. Потребни се натамошни чекори да се промовира атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување“, препорачува ЕК.

Во документот се нагласува дека земјата и натаму е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во однос на руската агресија врз Украина, испраќајќи јасен сигнал за нејзиниот стратешки избор за пристап во ЕУ и уште еднаш докажувајќи се како доверлив партнер.

Дестан Јонузи

Tags: БриселвластЕУопозицијауставни измени
Next Post

Европратеници побараa дебата за „злоупотребата на социјалните мрежи“ до страна на Илон Маск

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk