ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анализа: Мицкоски може да издејствува само „Француски минус предлог“, Бугарија доби политичка Влада

January 16, 2025 12:07
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски и други експоненти на неговата влада, во врска со блокирањето на интегративниот пат на земјава поради неодобрувањето на уставните измени, образложија дека во соседна Бугарија нема политичка влада и дека тоа е причината зошто недостига дијалог за ова прашање меѓу Скопје и Софија.

Но, по безброј обиди во изминатите четири години и два и пол месеци по последните парламентарни избори, Бугарија сега има политичка влада. Таа е формирана со мандат на ГЕРБ-СДС по преговорите меѓу партиите кои траеја над пет недели.

Новинарот Зоран Бојаровски во изјава за Фронтлајн вели дека чиста илузија е дека новата политичка влада на Бугарија, ако додржи да остане на власт подолг период, ќе ги смени ставовите во однос на блокадата на евроинтегративниот пат на Северна Македонија. Односно, додава тој – „Нова влада, стари позиции“.

Zoran Bojarovski
Зоран Бојаровски

– Фактографски ако се земе, процесот е длабоко заглавен, а верглањето на сите страни вклучени во него само дополнително го продлабочуваат. За Софија е јасно, внесување на Бугарите во уставот без никакви противуслови; за Скопје останува условот уставните амандмани да стапат во сила кога за Македонија ќе биде донесена одлука да станеме членка на ЕУ; за Брисел промена на Уставот, согласно Францускиот договор, за да продолжат преговорите со отворање на првите кластери. Фактографски, секоја страна дува во својот рог од позицијата на сопствените барикади. Поразително е што зад ставовите на секоја страна стојат причини кои немаат енергија да се поврзат и да најдат заеднички именител за излез од ќорсокакот, анализира Бојаровски за Фронтлајн.

На Бугарија, смета тој, поважни ѝ се сопствените мувлосани историцизми од европската перспектива на соседот и на регионот; Новата власт во Македонија од првиот ден докажува дека наместо прагматично решавање на проблемот, на него многу повеќе гледа како на билет за долгогодишно владеење демонстрирајќи патриотизам, а Брисел, како и многу пати досега, е немоќен геостратегијата да ја канализира на соодветен начин и ќе се чуди кога третите страни ќе им чукнат на портите кога ќе биде веќе предоцна.

– Сѐ на сѐ, Мицкоски може да издејствува само Француски предлог минус, а не плус и да нè заглави уште 20 години во лимбо просторот. Освен ако Албанците во Македонија не речат „чекај малку, вака не се договоривме“ па да предизвикаат ситуација после која сите инволвирани страни не го добијат „повикот за будење“. Но, тогаш цената ќе биде многу, многу повисока, нагласи тој.

Извршниот директор на ЕВРОТИНК, Димитар Николовски вели дека во Бугарија сè уште постои консензус околу македонските евроинтеграции.

– Мојот впечаток е дека тоа е прашање кое нова бугарска влада нема да сака да го отвора барем еден подолг период. Од друга страна, нашата влада ќе продолжи да лобира во ЕУ за промена на преговарачката рамка. Но не даваат сигнали дека ќе се промени уставот. Така да ситуацијата ќе остане заглавена, изјави Николовски за Фронтлајн.

Народното собрание на Бугарија денеска ја избра новата Влада што ќе предводи премиерот Росен Жељазков. „За“ гласаа 125 пратеници, „против“ беа 114, а немаше воздржани.

Со тоа, по многу обиди во изминатите четири години, неколку изборни циклуси, и два и пол месеци по последните парламентарни избори, Бугарија доби редовна политичка влада.

Владата на Жељазков беше поддржана од пратениците на ГЕРБ-СДС, БСП-Обединета левичарска партија и Има таков народ, како и од партијата ДПС – ДПС. Против гласаа ПП-ДБ, Преродба, ДПС-Нов почеток и МЕЧ.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаЕУСкопјеСофијауставни измени
Next Post

Бербок: Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас е „голем напредок“, но претстојат нови предизвици

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk