ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Измените на законот за јавни набавки ги изземаат ингеренциите на Бирото за јавни набавки

January 17, 2025 11:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Измените во законот за јавни набавки, предложени од седум пратеници од владејачкото мнозинство се штетни за процесите на јавните набавки во нашата држава, обвинија од опозициската СДСМ, додека и ЕУ е загрижена за истиот предлог-закон.

– Што се во суштина законските измени. Според предлог законот во редовна постапка, сега, поднесен од 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Бирото за јавни набавки ќе нема право да врши управни контроли врз јавните набавки, туку само ќе се прави административна проверка пред почеток на тендерот и да дава мислење за тендерските услови, нагласи пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, додајавјќи дека административната постапка подразбира преглед дали сите листови хартија се на број, дали во структурата и содржината на тендерот за јавни набавки се содржат сите елементи, коишто се пропишани и толку.

– Управната постапка се менува со чист технички елемент и ова е најголемата суштинска измена во предлогот за измена на законот за јавни набавки, со која пратениците во суштина бараат изземање на ингеренциите на Бирото за јавни набавки, нагласи Битиќи.

Тој истакна дека таа ингеренција за управна контрола сега се префрла на државната комисија за жалби по јавни набавки, која власта еднаш се обиде, па се откажа, а сега со конкретниот предлог потворно сака да ја промени, а тоа, во случај доколку некој од учесниците на тендерот покрене жалба по првичната одлука.

– Доколку има само еден понудувач, кој ќе се жали на постапката? Или можеби тоа е тенденцијата на следните јавни набавки во наредниот период од фамозните милиони евра, коишто се зборуваат, рече Битиќи.

Тој потсети дека управната контрола е процедура која ја има во актуелниот закон, со која се проверуваат веќе завршените тендери поголеми од 500.000 евра за набавка на стоки и услуги и поголеми од 2 милиони евра за набавка на работи односно инфраструктурни проекти.

– Последната управна контрола позната на јавноста е набавката на евродизел за ЈСП, кога бирото за јавни набавки нареди поништување на постапката во која имало само еден понудувач, изјави Битиќи.

Тој посочи дека доколку се усвои овој нов закон, конкретниот предлог за набавка на нафта немаше да биде проверуван од бирото и ќе поминеше мазно, бидејќи имаше само еден понудувач и немаше да има кој да поднесе жалба до комисијата за жалби.

Од другите предложени измени Битиќи ги издвои проверките на членовите на комисијата за решавање на жалби по јавни набавки.

– Во новиот предлот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои и претходно се обидоа со предлог закон и со нови критериуми да ја сменат комисијата за жалби по јавни набавки, но по реакција на антикорупциската мрежа на НВО се повлекоа, сега пак се вратија на намерата. Веројатно за да се избегнат гафови и фалсификувани сертификати за англиски или некој да пријави дека полагал ТОЕФЛ во школото Јулија во Пловдив, кое не издава такви сертификати, предлагачите ја бришат таа одредба за стручно проверено знаење на англиски јазик и воведуваат услов, замислете „активно познава еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ – англиски, француски или германски“. А како ќе се проверува активното знаење за јазици? Веројатно директорот ќе одлучува или некој друг затоа што приложил сертификат од школото Јулија во Пловдив, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи.

Сериозна загриженост за измените за законот за јавни набавки им изразила Европската Унија на македонските владини претставници, велат партиски извори за „Фронтлајн“. Она што најмногу ја загрижува ЕУ е елиминирањето на административните контроли и најавеното разрешување на сите членови на Државната комисија за жалби.

ЕУ изрази сомневање за тоа како сегашните измени на Законот ќе се однесуваат на препораките нагласени во последниот извештај на ЕК за земјата. Имено, да се зголеми употребата на критериумите за економски најповолна понуда (МЕАТ) за доделување на понуди, да се усвојат Закон за јавно приватно партнерство и за подобрување на координацијата меѓу клучните чинители за борба против корупцијата.

Овој предлог закон првично беше доставен во Собранието по скратена постапка, но по бурните реакции во јавноста за постапката и за суштината на измените, беше повлечен и истиот (непроменет) повторно доставен во редовна постапка без промени во суштината.

Јавните набавки годишно тежат и до 1,5 милијарди евра.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаЕУЈавни набавкиопозицијаСДСМСобрание

НАЈНОВО

Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

June 15, 2025

Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

June 15, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Парадата – прослава или диктаторско однесување на Трамп?

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: Дебар Маало со нов лик – добива два паркинга, парк, шеталиште и нова општинска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk