ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Најавени состаноци на просветните работници во училиштата во Србија, родители и деца во Нови Сад им даваат поддршка

January 21, 2025 10:54
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

За денеска се најавени состаноци на просветните работници во голем број училишта во Србија на кои ќе се одлучува за натамошниот тек на прекинот на наставата, јавија српските медиуми.

Според податоците на секторот за образование, 59 отсто од основните и 76 отсто од државните средни училишта во Нови Сад вчера најавија прекини.

Утрово во голем број училишта и гимназии во Нови Сад се присутни родителите и децата кои не дозволуваат да влезат инспектори и даваат поддршка за просветните работници. Во техничкото училиште „Милева Мариќ Ајнштајн“ во Нови Сад не започна второто полугодие, откако учениците вчера организираа блокада, а наставниците изгласаа прекин на работата до понатамошно известување. Како што јави репортерот на агенцијата Бета, родителите се собираат пред училиштето во знак на поддршка на наставниците.

Во ОУ „Светозар Марковиќ Тоза“ каде што родителите вчера влегоа во канцеларијата на директорот, по што беше повикана полиција, денеска имаше уште еден собир.

Во ОУ „Васа Стајиќ“, на собир за поддршка на наставниците, еден од родителите Дарко Шпер на насобраните им порача дека треба да бидат еден за друг и да не се срамат од своите постапки.

Родителите се собраа и во основните училишта „Васа Стајиќ“, „Ѓуро Даничиќ“, „Бранко Радичевиќ“ и „Прва Војвоѓанска Бригада“. Тие носеа транспаренти со натписи „Не и се заканувај на мојата учителка“, „Родителите се со вас“, „Не се плашиме, се солидаризираме“, „Ние не сме Хамас, ние сме лути мамас“ (“Nismo Hamas nego Angry mamas”).

Поради најавата дека денеска во школото ќе дојде просветна инспекција, учениците од Десеттата белградска гимназија утрово организираа митинг за поддршка на своите професори.

Околу 8 часот и 30 минути во дворот на гимназијата се собраа голем број ученици од Десетата гимназија, сегашни и поранешни, како и нивни родители и граѓани кои живеат во близина за да им дадат поддршка на сите наставници кои работат во ова училиште, бидејќи беше најавено доаѓање на просветна инспекција.

Вчера имаше и голем број пријави за притисоци и закани кон наставниците и директорите на училиштата кои ја прекинаа работата, јавија српските медиуми.

Дел од вработените во Поштата на Србија денеска ќе почнат со самоорганизиран прекин на работа во знак на поддршка на студентите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk