ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Oбвинувања за мизерен партиски избор и етничка дискриминација за финансиската поддршка на проекти од Министерството за култура

February 6, 2025 13:40
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Буџетот на Министерството за култура и туризам за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2025 година изнесува 814 милиони денари. Буџетот е за 74 милиони денари поголем од ланскиот буџет, додека во овие средства е вклучен и посебен буџет за креативните индустрии за што во наредниот период ќе биде распишан посебен конкурс.

По објавувањето на резултатите од конкурсот и изборот на проекти, во јавноста избија бројни обвинувања за мизерен партиски избор и етничка дискриминација.

Роберт Алаѓозовски. Фото: И. Чадиноски / ЦИВИЛ

– Министерот за култура и туризам Зоран Љутков направи мизерен партиски избор, наградувајќи ги со најголеми износи своите поддржувачи и естрадни пропагандисти. Во исто време реши сосема да ја исклучи креативната, критичката и независна култура, онаа што живо соработува со демократска Европа и создава врвни уметнички вредности. Исекувајќи ја остро независната култура ВМРО -ДПМНЕ покажа дека нема демократски капацитет да го прифати и разбере различното од нивната деветнаестовековна естррадна матрица. Во едно ја лиши македонската економија од парите што влегуваа од овие соработнички проекти од европски донатори. Љутков не обезбеди доволно проекти за интеркултурниот дијалог, за помалите заедници и културата на најранливите уметници рушејќи ја општествената кохезија и мултикултурноста која е наш светски признат квалитет, изјави за Фронтлајн, Роберт Алаѓозовски – поранешниот министер за култура и поранешен национален координатор за развој на културата.

Опозициската ДУИ обвинува за етничка дискриминација. Тие велат дека наместо културната политика да служи како мост меѓу различните народи, во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски го потиснува албанското културно производство.

„245 македонски проекти финансирани – Албанците само 22 проекти. 40 милиони денари за Македонците – само 3,5 милиони денари за Албанците. Ова е однапред смислен план за правење на Албанците невидливи во меѓународната културна сцена.

Визуелни уметности: бришење на албанската уметност од јавниот простор

120 македонски проекти со 13 милиони денари
16 албански проекти со само 1,2 милиони денари
Покрај тоа, Галеријата на уметности во Гостивар не добила никаква значајна инвестиција. Недостатокот на поддршка за оваа институција не е случаен, туку јасен обид да се спречи развојот на албанската уметност и да се остави во заборав.

Издаваштво: институционално негирање на албанската литература

320 македонски книги финансирани со 39,5 милиони денари
60 албански книги со 6,6 милиони денари
Со овој третман, албанската литература се третира како безначаен елемент.
Театар и фолклор: постепено гасење на албанската култура
33 македонски театарски проекти со 6,2 милиони денари
7 албански проекти
70 македонски фолклорни проекти – Албанците само 19 проекти

Ова е тежок удар врз уметничкото наследство на Албанците и стратегија за ограничување на влијанието на албанската култура на националната сцена.

Музика: тотална моноетничка доминација

152 македонски музички проекти – само 35 албански проекти
52 милиони денари за Македонците – само 7,5 милиони денари за Албанците
Во држава каде албанската музика е една од најразвиените, ваквата распределба на средствата претставува отворен напад врз албанските уметници.

Манифестации и фестивали: задушување на албанската култура

113 македонски проекти со 75 милиони денари
Само 7 албански проекти со 16,5 милиони денари

Ова е најјасниот доказ за отворена дискриминација и директен обид за уништување на албанските културни фестивали.

Инфраструктура: уништување на албанските институции

Нема поддршка за Албанскиот музички ансамбл

Нема напори за обезбедување простор за Ансамблот на песни и ора

Нема сериозен проект за зачувување на албанското културно наследство

Албанските културни институции се намерно оставени без средства, со цел финансиски да пропаднат и да бидат затворени“.

– Брутална дискриминација и културна сегрегација. Оваа систематска дискриминација се случува под Влада, која целосно ја загуби способноста да ги брани интересите на Албанците. Ако оваа политика продолжи, албанската култура ќе продолжи да се деградира, а Албанците ќе останат маргинализирани набљудувачи во сопствената држава. Ова е момент за силна политичка и општествена реакција за да се запре оваа системска неправда, изјави Валмир Азири, поранешен државен секретар во Министерството за Култура од редовите на ДУИ.

Од владејачката коалиција ВЛЕН велат дека за време на претходната влада, каде Валмир Азири го имаше главниот збор во културата, со години албанската култура се користеше како алатка за тесни лични и политички придобивки, додека вистинските уметници беа запоставени или принудени да прифатат нефер услови за да добијат поддршка.

– Голема загриженост е изразена за начинот на доделување проекти и средства во Министерството за култура, каде наместо меритократија и транспарентност, доминираа клиентелистички интереси и сомнителни практики. Постојано имало случаи каде поединци поврзани со претходната власт имале неправедно корист, додека независните уметници биле изоставени од системот. Оваа состојба сериозно го наруши развојот на албанската култура, претворајќи ја во арена на финансиска злоупотреба. Не можеме да дозволиме културните институции да продолжат да бидат извори на профит за одредени групи на штета на општиот интерес, велат од коалицијата ВЛЕН.

Оттаму јавно прашуваат:

– Дали финансиските скандали, како оној во тетовскиот театар и библиотека од 13 милиони евра, се одраз на тековните злоупотреби?
– Дали Валмир Азири споделувањето на културни проекти го трансформираше во шема за лична корист?
– Каде завршија 660-те илјади денари одвоени за неговиот шеф на кабинет Арлинд Хусеини?
– Каква е поврзаноста на Валмир Азири со Агенцијата за филм и во кое својство посредуваше меѓу Агенцијата и апликантите?

Од поднесени 2888 апликации, 1365 проекти добија државна финансиска поддршка на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за 2025-та, за дејности од областа на културата и уметноста како и заштита на културното наследство.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Валмир АзириВладаВЛЕНДУИмеѓуетнички односиМинистерството за култура и туризамРоберт Алаѓозовски

НАЈНОВО

Амбасадорката Дир: На 4 јуни оддаваме почит на децата чии млади животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот

June 4, 2025

Нови дилеми – Една ИЕ жежок костен за политичката елита!

June 4, 2025

Аритон Ала е нов заменик-претседател на Судски совет на РСМ, нема кандидати за претседатели на судовите во Берово, Делчево и Радовиш

June 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Популарната теорија за судбината на нашата галаксија можеби е погрешна, велат астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk