ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски очекува апсолутна победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

February 9, 2025 13:31
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Јас сум реален оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ќе биде апсолутен победник на локалните избори кои треба да се одржат во првата половина на октомври, годинава, вели премиерот Христијан Мицкоски и се повика на партиските анкети на јавното мислење според кои нивната предност е 4:1 во однос на вторангираната партија.

-Очекувам за нешто повеќе од седум месеци од денеска да отпочне официјално кампањата, таму некаде првата половина на октомври да се случи првиот и вториот круг на локалните избори. Јас сум реален оптимист дека коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде таа која што ќе биде апсолутен победник, врз основа на мерењата која што ние ги имаме. Сега ќе видиме на терен како ќе биде и каква е волјата на граѓаните. Но ние правиме редовно секој месец, најмалку две, а понекогаш и три мерења на јавното мислење преку одредени атрибути кои што ги тестираме преку одредени политики, да видиме дали сме на прав пат или не сме. И ценам дека досега од тие бројки кои што ги имаме од месец во месец сме се подобри. Јануари беше подобар од декември кој што беше најдобар. На последната теренска анкета која што ја добив рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија беше над 30 проценти, а втората партија беше со рејтинг од 6,8 проценти. Така што сега ако порано зборувавме за предност од 3:1, сега е повеќе од 4:1, и очекувам тој тренд да расте до одредено ниво и потоа да се стабилизира бидејќи ќе биде исцрпен капацитетот, тоа е волуменот на гласачи, рече Мицкоски на новинарско прашање по стартот на реконструкција на сквер во Општина Аеродром.

Што се однесува до имињата на потенцијалните кандидати за градоначланици, во тек е внатрепартиската процедура, при што како што нагласи, ќе биде земено предвид мислењето на членството, како и мислењето на граѓаните, од кое ќе се направи симбиоза по што ќе излезат со имињата на кандидатите пред органите на партијата.

Во однос на кандидатот за градоначалник на главниот град, министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој присуствуваше на настанот, во изјава за медиумите истакна дека е убеден дека името што ќе го предложи премиерот и партиски лидер Мицкоски на извршните органи на партијата, ќе биде и градоначалник на Скопје.

-Јас ова веќе неколку пати го говорев. Да почекаме да заврши целокупниот процес и она име кое што претседателот Мицкоски ќе го предложи на извршните органи на партијата, јас сум убеден дека истото ќе стане и градоначалник на Град Скопје. Да почекаме да заврши целиот процес, па ќе разговараме понатака, нагласи Перински, коментирајќи резултати од анкета објавена од интернет портал во која се појавува и неговото име како еден од фаворитите меѓу кандидатите за таа позиција.

Tags: локални избориМицкоски
Next Post

СДСМ: Сестрата на министерот Љутков се вработи во Музејот во Велес, ДПМНЕ ја направи Македонија приватна фирма

НАЈНОВО

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025
Фото: Википедија

„Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана – повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk